Ракомет

Вардар на силна меѓународна проверка во Хрватска – настап на „Labin Handball Cup 2026“

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането преземање без претходна писмена согласност!
Сподели

Ракометарите на Вардар на крајот од јануари ги очекува сериозен меѓународен предизвик, откако „црвено-црните“ ќе настапат на четвртото издание на реномираниот „Labin Handball Cup 2026“, кој ќе се одржи во хрватскиот град Лабин на 30 и 31 јануари.

На турнирот ќе учествуваат силни екипи од регионот, а Вардар своето учество ќе го започне со полуфинален дуел против словенечкиот тим Слован Љубљана. Овој натпревар е закажан за 30 јануари со почеток во 18 часот. Во второто полуфинале, истиот ден од 20:15 часот, ќе се сретнат хрватските претставници Загреб и Сесвете.

Победниците од полуфиналните пресметки ќе се борат за трофејот во големото финале на 31 јануари од 20:15 часот, додека поразените екипи ќе одиграат натпревар за третото место истиот ден од 18 часот.

За Вардар, овој турнир претставува одлична можност за проверка на формата и тактичките замисли против квалитетни противници од Словенија и Хрватска, но и шанса стручниот штаб да им даде поголема минутажа на сите ракометари пред продолжението на сезоната во домашното првенство и настапите во Европа.


„Црвено-црните“ ќе отпатуваат во Хрватска речиси во комплетен состав, а единствено ќе отсуствува Николас Боно, кој доби слободно до 1 февруари по настапите за репрезентацијата на Аргентина.


Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Боби Божиновски дел од стручниот штаб на третолигашот ФК Илинден

Третолигашот Илинден продолжува со засилување на стручниот штаб, а ново име во тимот е искусниот Боби Божиновски, кој ќе биде дел од стручниот...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Селекторот Кирил Изов го објави списокот на фудбалерки до 19 години за престојните два контролни натпревари со Косово

Женската репрезентација на Македонија до 19 години ќе одигра два контролни натпревари против соодветната селекција на Косово. Двата меча се закажани за 10...

Поврзани написи
Ракомет

Зечевиќ пред дербито со Алкалоид: „Верувам во својата екипа, ќе ја израдуваме охридската публика“

По убедливиот пораз на гостувањето кај Вардар во минатото коло, ракометарите на...

Ракомет

Пелистер до првиот европски бод, Кузмановски со капитенска партија за паметење!

Еурофарм Пелистер стигна до првиот бод во новата сезона во Европската лига,...

Ракомет

ЕКСКЛУЗИВНО: Моралес пред Вардар – Висла: „Два бода од „Јане Сандански“ се многу тешка задача!“

Вардар го очекува нов европски предизвик во Лигата на шампионите, а на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!