Кошарка

Куп-спектакл во Куманово: МКК Куманово домаќин на финалниот турнир „Благоја Георгиевски-Буштур“

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели

Кошаркарскиот клуб МКК Куманово официјално ја доби организацијата на финалниот турнир од националниот Куп „Благоја Георгиевски-Буштур“ во машка конкуренција за натпреварувачката сезона 2025/2026.

Раководството на кумановскиот клуб пројави интерес за организација на завршницата од најмасовното клупско натпреварување, ги исполни сите услови од јавниот повик и ќе биде домаќин на осумте најдобри екипи во државата.

Финалниот турнир ќе се одржи во Куманово во периодот од 13 до 15 февруари, а учество ќе земат екипите на ТФТ, МЗТ Скопје Аеродром, Кожув, Пелистер, Маџари, Работнички, Феникс 2010 и домаќинот МКК Куманово.

Натпреварите ќе се играат во спортската сала во Куманово, а програмата започнува со четвртфиналните средби на 13 февруари, во кои ќе се сретнат:

  • ТФТ – Феникс 2010

  • МЗТ Скопје Аеродром – Работнички

  • Кожув – Маџари

  • Пелистер – МКК Куманово

Победниците од овие дуели ќе обезбедат пласман во полуфиналето, кое е закажано за 14 февруари, додека името на новиот освојувач на Куп-пехарот ќе биде познато по одигрувањето на големото финале на 15 февруари.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со...

Кошарка

ГКК Штип го шокираше Пелистер среде Битола, МЗТ Скопје сигурен во градското дерби – Работнички останува лидер!

Шестото коло од МТЕЛ кошаркарската Суперлига донесе голема гостинска победа на ГКК...

Кошарка

Работнички преживеа драма со Кожув за шеста победа, Тиквеш со голем пресврт ја освои Струмица!

Шестото коло од МТЕЛ кошаркарската Суперлига донесе два интересни натпревари со неизвесни...

Кошарка

Вардар и Бадел без пораз по четири кола, Крива Паланка го доби дербито со Баскет Кам – следува битка за врвот!

Вардар и Бадел 1862 продолжуваат со максимален ефект во „Шпаркасе Лајф“ Првата...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!