Останато

Историски настап на Огнен Стефановски – нов национален рекорд во седмобој во сала во Белград

Сподели
ФОТО: Атлетска федерација на Македонија
Сподели

На националното првенство во повеќебој на Србија за 2026 година, кое се одржа на 24 и 25 јануари во Белград, македонскиот репрезентативец Огнен Стефановски (АК Делта) оствари извонреден настап во седмобој во сала. Тој собра вкупно 5.116 поени, со што освои 953 WA бодови и постави нов национален рекорд, подобрувајќи го својот претходен резултат од 4.879 поени.

Покрај рекордот во вкупниот пласман, Стефановски блесна и поединечно, поставувајќи нови национални рекорди во сите седум дисциплини: 60 метри со пречки (8.39 секунди), скок со стап (4.10 м), скок во далечина (6.78 м), 60 метри (7.27 секунди), скок во височина (1.82 м), фрлање ѓуле (11.69 м) и трката на 1.000 метри, која ја заврши со време од 2:46.55.

Со овој настап, Стефановски уште еднаш го потврди својот квалитет и статусот на еден од најдобрите македонски повеќебојци.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Останато

(ФОТО) Радовиш има нови шампиони! Team Carvalho освои десет златни и еден сребрен медал на Државното првенство!

Одличен настап, бројни медали и уште една потврда за квалитетната работа со...

Останато

(ФОТО) Штип УГД ја освои Струмица: Шампионот славеше во големото одбојкарско дерби по вистинска драма!

Актуелниот македонски одбојкарски шампион Штип УГД продолжува со максимален ефект во новата...

Останато

Ждрепка в недела, први борби в понеделник на Европското првенство во кик-бокс во Скопје

Европското првенство во кик-бокс во Скопје денеска почнува со пристигнување на делегациите,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!