Фудбал

Неуспешно вонредно изборно собрание на ОФС Кичево поради немање кворум

Сподели
Сподели

Општинскиот фудбалски сојуз Кичево, преку претседателот во оставка Марјан Ристевски, упати покана до Фудбалската федерација на Македонија за одржување вонредно изборно собрание на ОФС Кичево, закажано за 23 јануари 2026 година во 18:00 часот, во „Куќата на уметноста“ во кичевското село Кнежино.

Овластени претставници на Фудбалската федерација на Македонија навремено беа присутни на закажаното собрание, но истото не се одржа поради немање кворум за работа и одлучување.

Дополнително, на собранието не се појавија ниту организаторите, односно претседателот во оставка Марјан Ристевски, потпретседателот Џевдет Далипи и делегатот Муамед Сејдини.

Отсуството на лицата кои го иницираа и го закажаа вонредното изборно собрание претставува сериозен преседан и крајно несоодветен однос кон процесите на управување во рамки на Општинскиот фудбалски сојуз – Кичево.

Ваквиот пристап е јасен показател за нефункционалност и нарушена организациска структура во ОФС Кичево, што неминовно го отвора прашањето за неговото натамошно функционирање согласно важечките акти и одредби на сојузот.

Од ФФМ најавија дека ќе се постапува во согласност со своите надлежности и важечката регулатива.

ФОТО: ФФМ

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!