Кошарка

Шампионот Баскет Кам го доби големото дерби со Крива Паланка, МЗТ го шокираше Вардар

Сподели
ФОТО: Принтскрин
Сподели

Кошаркарките на Баскет Кам уште еднаш потврдија зошто ја носат шампионската титула, откако во дерби-натпреварот од 10. коло во „Шпаркасе Лајф“ Првата лига славеа убедливо против најголемиот конкурент Крива Паланка со 69:53. Со оваа победа, девојките од Македонска Каменица ја запишаа деветтата победа во сезоната и го презедоа лидерското место на табелата.

Иако гостинките од Крива Паланка подобро го отворија натпреварот и поведоа со 24:17 по првата четвртина, Баскет Кам брзо воспостави контрола. Клучен беше вториот период, во кој домашните кошаркарки одиграа одлично во нападот, постигнаа 24 поени, а примија само 11, што донесе целосен резултатски пресврт и водство од 41:35 на полувремето.

Во продолжението актуелниот шампион одигра уште посигурно, особено во фазата на одбраната, дозволувајќи му на ривалот само 23 поени за целото второ полувреме, со што без поголеми проблеми ја приведе средбата кон висока и заслужена победа.

Најдобра во победничката екипа беше Кметовска со 24 поени, осум скока и пет асистенции. Одлична партија прикажа и Адамовска со „дабл-дабл“ ефект од 15 поени и 11 скока, додека Максимовска додаде 11, а капитенот Поп Димитровска 10 поени. Кај Крива Паланка се истакна Алексовска со 15 поени, Робинсон постигна 13, а Грин 12 поени.


Ден претходно, колото го одбележа и големото изненадување што го приреди МЗТ Бела Вода, која на домашен терен убедливо го совлада фаворитот Вардар со 67:51. Домашните уште во првата четвртина најавија сензација (18:9), а пресуден беше третиот период, добиен со 21:10, по кој Вардар немаше сила за камбек. Американскиот тандем Херд и Корли комбинираше 43 поени и беше клучен фактор за триумфот на МЗТ.

Во останатите натпревари, Бадел 1862 доминантно славеше на гостувањето кај Спорт Тим во Неготино со 99:52, предводен од одличната Марија Николов со 28 поени, додека Пробаскет без проблеми го надигра Патриот 2016 во Делчево со 95:45.

Колото уште еднаш покажа дека борбата на врвот се заострува, но и дека Баскет Кам во моментов изгледа најстабилно и најподготвено – токму како вистински шампион за одбрана на титулата.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига, а со по два меча во сабота и недела ќе се...

Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое ќе се игра во текот на претстојниот викенд. Новите четири натпревари...

Поврзани написи
Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое...

Кошарка

Фаворитите сигурни во Првата кошаркарска лига, битката за врвот останува неизвесна

Ниту петтото коло од завршницата во Првата македонска кошаркарска лига не донесе...

Кошарка

Маџари убедлив против Кожув, Куманово со силна завршница го совлада Гостивар

Кошаркарите на Маџари и МКК Куманово остварија важни победи во новото коло,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!