Трета лигаФудбал

ФОТО: Третолигашот Победа Валандово ги стартуваше подготовките – договори пријателски натпревари!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Есенскиот шампион во Третата македонска фудбалска лига, Победа Валандово денес означи старт на зимските подготовките за вториот дел од сезоната, во која непоразениот тим на Истокот ќе сака да го сочува првото место и со тоа да игра бараж за Втора лига.

Како што ексклузивно дознава Спортска Мрежа, покрај утврдениот датум за почеток на подготовките, тимот од Валандово има договорени и неколку пријателски натпревари преку кои ќе се проверува формата за пролетниот дел.

Како што дознава Спортска Мрежа тимот од Валандово формата за пролетниот дел ќе ја проверува против второлигаши, а се бара противник за уште три контролни натпревари.

ФОТО: Спортска Мрежа

Првиот контролен натпревар Победа Валандово ќе го одигра на 29 јануари со Детонит Плачковица од Радовиш, на 31 јануари со Брегалница од Штип, на 7 февруари ќе се одигра пријателскиот меч против Кожуф, додека пак на 15 февруари ќе биде со Слога Виница, а според информациите на Спортска Мрежа ќе бидат договорени уште три пријателски натпревари преку кои ќе се проверува формата.

ФОТО: Спортска Мрежа

Како што дознаваме „генералката“ на Победа Валандово ќе биде против некогашниот прволигаш Еуромилк ГЛ, кој е есенски шампион во Трета лига – Север.


Целта на Победа Валандово е освојување на првото место, подигање на шампионскиот пехар во Трета лига – Исток, а потоа и влез во Втора лига преку баражот, со што по неколку години одново Валандово да следи второлигашките фудбал.

Дополнително, треба да се истакни и силната поддршка која клубот ја има од верните „Калнкари“ кои даваат силна поддршка на секој натпревар на Победа без разлика дали се игра на домашен или гостински терен.


Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!