Ракомет

Леон Љевар е нов ракометар на Вардар – потпиша двегодишен договор

Сподели
ФОТО: РК Вардар 1961
Сподели

РК Вардар официјално го потврди ангажманот на хрватскиот репрезентативец Леон Љевар, кој од следната сезона ќе го носи „црвено-црниот“ дрес. Станува збор за договор со важност од две години, со кој вардарци добиваат квалитетно засилување на позицијата лев бек.

Љевар има 24 години, роден е во Ријека и со своите 198 сантиметри важи за исклучително моќен и модерен бек.

Во Вардар пристигнува од словенечкиот Слован, каде сезонава имаше одлични настапи, особено на европската сцена. Во Европската лига постигна вкупно 44 погодоци и беше меѓу најистакнатите стрелци на својот тим, со што го привлече вниманието на ракометната јавност.

Покрај клупските обврски, Љевар е и дел од хрватската репрезентација, за која неодамна забележа неколку запазени настапи. Иако се најде на списокот на селекторот, поради помала повреда не настапи на Европското првенство кое се одржа во Данска, Шведска и Норвешка.

По потпишувањето на договорот, новото засилување на Вардар не го криеше задоволството од трансферот.

„Многу ми е големо задоволство и чест што потпишав за Вардар. Сите знаеме каква историја има Вардар и ми е драго што имам можност да бидам дел од таков клуб. Се радувам на играњето во Вардар и се надевам дека ќе помогнам на тимот да ги оствари сите поставени цели“, изјави Љевар.

Со доаѓањето на Леон Љевар, Вардар јасно ја покажува амбицијата за засилување на ростерот и градење конкурентен тим за претстојните сезони, како на домашната, така и на европската сцена.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

(ФОТО) Готен сезоната ја отвара против Сачево, Василево против Струмешница, Единство налета на Спартмани

Вечерва беше извлечена ждрепката за новата сезона во Четвртата фудбалска лига во Струмица, односно Општинската лига, која стартува веќе во недела, а ќе...

Втора лигаФудбал

Стојанче Трпчевски ќе им суди на Охрид и Брера, Влатко Илиоски го доби дербито под рефлектори во Струмица

Викендот на програмата се натпреварите од 7. коло на Втората македонска фудбалска лига, а кое коло ќе се игра во два дена, односно...

Поврзани написи
Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти...

Ракомет

Вардар немоќен пред Висла Плоцк: Трет пораз за „црвено-црните“ во Лигата на шампионите

Ракометарите на Вардар 1961 го претрпеа третиот пораз во Лигата на шампионите,...

Ракомет

Зечевиќ пред дербито со Алкалоид: „Верувам во својата екипа, ќе ја израдуваме охридската публика“

По убедливиот пораз на гостувањето кај Вардар во минатото коло, ракометарите на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!