Европската ракометна федерација ги назначи официјалните лица за натпреварите од второто коло на Европското првенство, а вниманието на македонската јавност е насочено кон дуелот со Португалија.
Правдата на овој важен натпревар ќе ја делат Амар и Дино Коњичанин од Босна и Херцеговина, судиска двојка која поради својата специфичност често е во фокусот, бидејќи станува збор за браќа близнаци. За нив ова ќе биде прв ангажман на континенталниот собир, откако не судеа во воведното коло.
Македонија по стартниот пораз од Данска (36-24) ќе се обиде да стигне до позитивен резултат против Португалија, која во првото коло беше поуспешна од Романија со 40-34.
Средбата меѓу Македонија и Португалија е закажана за утре од 18:00 часот во арената „Јуске Банк Боксен“ во Хернинг.