Втора лигаФудбал

Јусуф: Чест ми е што сум во Кочани и што ќе играм за Осогово

Сподели
ФОТО: Принтскрин
Сподели

Искусниот Алпај Јусуф пристигна во Осогово, каде што ќе ја продолжи својата кариера во редовите на второлигашот од Кочани. Неговото искуство треба да биде значаен адут за „жетварите“ во остварувањето на клупската цел – директен опстанок во Втората лига.

Како што истакна Јусуф, чест му е што доаѓа во Кочани и што ќе го носи дресот на Осогово, а додаде дека ќе даде максимум за да се исполнат амбициите на клубот.

„Чест ми е што сум во Кочани и да играм за Осогово, ќе дадам од себе за да ги оствариме амбициите на клубот оваа сезона“, изјави Алпај Јусуф.

Осогово денес, под водство на стратегот Крсте Крстев, ги започна зимските подготовки. Тимот од Кочани денес официјално ги промовираше и двете засилувања – Алпај Јусуф и Филип Димоски.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

(ФОТО) Готен сезоната ја отвара против Сачево, Василево против Струмешница, Единство налета на Спартмани

Вечерва беше извлечена ждрепката за новата сезона во Четвртата фудбалска лига во Струмица, односно Општинската лига, која стартува веќе во недела, а ќе...

Втора лигаФудбал

Стојанче Трпчевски ќе им суди на Охрид и Брера, Влатко Илиоски го доби дербито под рефлектори во Струмица

Викендот на програмата се натпреварите од 7. коло на Втората македонска фудбалска лига, а кое коло ќе се игра во два дена, односно...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

(ФОТО) Готен сезоната ја отвара против Сачево, Василево против Струмешница, Единство налета на Спартмани

Вечерва беше извлечена ждрепката за новата сезона во Четвртата фудбалска лига во...

Втора лигаФудбал

Стојанче Трпчевски ќе им суди на Охрид и Брера, Влатко Илиоски го доби дербито под рефлектори во Струмица

Викендот на програмата се натпреварите од 7. коло на Втората македонска фудбалска...

ИнтернационалциФудбал

Актуелниот претседател на УЕФА, Александар Чеферин најави кандидатура за нов мандат

Актуелниот претседател на Европската фудбалска федерација, Александар Чеферин најави дека ќе се...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!