Прва лигаФудбал

Кире Ристевски повторно во зелено-бело: Пелистер добива лидер во одбраната

Сподели
ФОТО: Принтскрин
Сподели

Фудбалскиот клуб Пелистер го потврди враќањето на едно добро познато име – искусниот дефанзивец Кире Ристевски повторно ќе го носи зелено-белиот дрес во продолжението од сезоната во Првата македонска лига.

35-годишниот стопер, кој своите први фудбалски чекори ги направи токму во Битола, повторно се приклучува на матичниот клуб по долга интернационална кариера. Во изминатите години Ристевски настапуваше за повеќе клубови во домашното првенство, но и во странство, градејќи богато искуство во неколку европски шампионати.

Со своето знаење, мирнотија и лидерски квалитети, се очекува да биде важен фактор во битолската одбрана во пролетниот дел од сезоната. Ристевски веќе се стави на располагање на стручниот штаб и ќе патува со екипата на подготовките во Анталија, каде Пелистер ќе ја темпира формата за продолжението од шампионатот.


Покрај клупското искуство, Ристевски зад себе има и настапи за македонската репрезентација, вклучувајќи и учество на Европското првенство, што дополнително ја зголемува тежината на ова засилување за „пелистерци“.

Со овој потег, Пелистер јасно покажува дека сериозно пристапува кон предизвиците што следуваат и дека во пролетта ќе се потпира на проверени и искусни фудбалери.


Сподели

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Црна Река со висока гостинска победа, Кратово слави домашен триумф!

Екипата на Црна Река стигна до триумф над ССК на гостински терен, славејќи победа со резултат од 3:8, со што ланскиот прволигаш од...

ФудбалФутсал

Лидерот Проект во еден „потег“ го реши Мал Ајакс, Клими го „среди“ Балкан

Валандово вечерва гледаше прволигашки футсал откако Проект мечот со Мал Ајакс го одигра во салата „Филип Втори“, а кој меч непоразениот лидер од...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Црна Река со висока гостинска победа, Кратово слави домашен триумф!

Екипата на Црна Река стигна до триумф над ССК на гостински терен,...

ФудбалФутсал

Лидерот Проект во еден „потег“ го реши Мал Ајакс, Клими го „среди“ Балкан

Валандово вечерва гледаше прволигашки футсал откако Проект мечот со Мал Ајакс го...

Втора лигаФудбал

Листата на „отпишани“ второлигаши се зголеми!

Листата на „отпишани“ второлигаши од коло во коло се зголемува, покрај веќе...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!