Трета лигаФудбал

Влазереми го „здроби“ Камјани – Албулен Имери со хет-трик, Љуботен со голема победа!

Сподели
ФОТО: K.F Vëllazërimi 1977
Сподели

Ланскиот шампион Влазерими со 6:1 го „здроби“ Камјани за нова, висока и убедлива победа на домашен терен, во меч каде Албулен Имери постигна три гола, а по еден гол постигнаа Сутки Муслија, Мирлинд Ибраими и Лабинот Елези, за гостинот гол даде Арлинд Берзати.

Влазерими Слатино дојде до триумф над поранешниот прволигаш Ренова со резултат од 3:1 во меч каде Бајрам Мемеди беше двоен стрелец за домашниот тим, а гол даде и Едон Елмази. За „гипсарите“ стрелаше Ријад Османи.

Зајази на домашен терен беше поразен од Љуботен, откако гостинот од Тетово славеше со 2:4. Бојан Костадиновски и Јован Богдановски беа стрелци за Љуботен за 0:2 на полувреме. Во вториот дел Тео Симњановски зголеми на 0:3, а пак Агон Хазими и Шабан Ќерими намалија на 2:3 и ја вратија неизвесноста на мечот, додека пак Виктор Јовановски постигна гол за конечн 2:4.

Целиот извештај од вчерашниот натпревар можете да го прочитате овде. Тетекс со 8:0 славеше над Напредок, Џепчиште го декласираше Вардар Брвеница со 6:1, а пак Дрита со 5:3 го доби Доброшти.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Црна Река со висока гостинска победа, Кратово слави домашен триумф!

Екипата на Црна Река стигна до триумф над ССК на гостински терен, славејќи победа со резултат од 3:8, со што ланскиот прволигаш од...

ФудбалФутсал

Лидерот Проект во еден „потег“ го реши Мал Ајакс, Клими го „среди“ Балкан

Валандово вечерва гледаше прволигашки футсал откако Проект мечот со Мал Ајакс го одигра во салата „Филип Втори“, а кој меч непоразениот лидер од...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Црна Река со висока гостинска победа, Кратово слави домашен триумф!

Екипата на Црна Река стигна до триумф над ССК на гостински терен,...

ФудбалФутсал

Лидерот Проект во еден „потег“ го реши Мал Ајакс, Клими го „среди“ Балкан

Валандово вечерва гледаше прволигашки футсал откако Проект мечот со Мал Ајакс го...

Втора лигаФудбал

Листата на „отпишани“ второлигаши се зголеми!

Листата на „отпишани“ второлигаши од коло во коло се зголемува, покрај веќе...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!