Европско првенство 2026РакометРакометна репрезентацијаРепрезентација

Данска сигурна на стартот, Македонија немоќна против актуелниот шампион

Сподели
Сподели

Македонската ракометна репрезентација со пораз го отвори настапот на Европското првенство, откако во првото коло од групата Б беше совладана од домаќинот Данска со 36-24 (17-12). Актуелните шампиони рутински ги освоија бодовите и веднаш се искачија на врвот на табелата.

Иако Јуске Боксен Арената беше исполнета до последното место, амбиентот не го следеше интензитетот и значењето на ваков дуел. Македонија влезе храбро во натпреварот и рамноправно му парираше на фаворитот во почетните минути, но разликата во квалитет и полетност брзо дојде до израз.

По воведните шест минути во кои резултатот беше израмнет, неколку грешки во нападот и сигурната игра на Данска во транзиција донесоа серија голови за домаќинот. По десет минути игра Данците поведоа со 8-3, користејќи ја секоја наша загубена топка.

Во продолжението од првото полувреме Македонија успеа да го стабилизира настапот. Томовски запиша неколку значајни интервенции, а нападот стана поефикасен, што овозможи намалување на разликата. Во 23. минута избраниците на Кире Лазаров имаа и можност да дојдат на „минус два“, но нова грешка беше казнета од противникот, кој повторно ја зголеми предноста. По исклучувањето на Марко Стојковиќ во финишот, Данска замина на пауза со водство од 17-12.

Вториот дел започна по сличен терк. Промашени напади на Македонија и брзи реализации на Данска резултираа со ново зголемување на разликата. Во 40. минута семафорот покажа 24-16, а кратко потоа Јоргенсен донесе и прво двоцифрено водство – 27-17.

До крајот на средбата немаше поголеми резултатски осцилации. Данскиот селектор ротираше и експериментираше со поставите, вклучувајќи ја и формацијата „седум на шест“, додека Македонија се обидуваше да го ублажи поразот. Разликата можеше да биде и поголема доколку на голот не беше расположениот Емил Нилсен.

Најефикасен кај Данска беше Питлик со шест погодоци, пред Гидсел со пет. Во македонскиот состав Серафимов реализираше шест, а Митев четири гола.

Македонија настапи без искусните Никола Митревски и Жарко Пешевски, кои се очекува да бидат во комбинација на следните натпревари. „Црвено-жолтите“ во групата Б ги очекуваат уште дуелите со Португалија и Романија, а следниот предизвик е во недела, на 18 јануари, против селекцијата на Португалија.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

РФМ со официјален приговор до ЕХФ: На телевизискиот пренос стоеше NMKD!

Ракометната федерација на Македонија преку соопштение информираше дека ќе поднесе официјален приговор...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија загуби од Грција во Халкида!

Македонската машка ракометна репрезентација го претрпе првиот пораз во квалификациите за Европското...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија има позитивна историја со Грција – денеска нова битка во Халкида!

По убедливиот триумф над Луксембург на отворањето на квалификациите за ЕП 2028,...

Останати репрезентацииРепрезентација

Пет круга до целта: Далија Стојановска со 46. место на европското деби во велокрос

Далија Стојановска ги извози сите пет круга на јуниорската трка на Европското...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!