Во рамки на подготовките за второто коло од Лигата на Европа, Европската ракометна федерација ги објави имињата на судиите и делегатите кои ќе бидат задолжени за натпреварите.
Меѓу нив се најдоа и македонските арбитри Методија и Михајло Илиевски од Битола, кои добија доверба да судат на меѓународен дуел во Романија. Браќата Илиевски ќе ја делат правдата во Баја Маре, каде домашниот состав ќе се соочи со унгарскиот претставник Мошонмаѓаровар.
Станува збор за пресметка меѓу две екипи кои успешно го отворија натпреварувањето и во првото коло забележаа победи, што дополнително ја зголемува тежината на овој дуел.
Натпреварот е закажан за 17 јануари со почеток во 18:00 часот, а улогата на делегат ќе ја извршува Бугаринот Башев.