Прва лига

ФОТО: Младост Богданци стартуваше со подготовки – тимот цели кон директен влез во Суперлигата

Сподели
ФОТО: РК Младост 1977
Сподели

Ракометниот клуб Младост 1977 од Богданци официјално ги започна подготовките за вториот дел од сезоната 2025/26 во Првата ракометна лига, во која тимот влегува со максимален учинок и јасна цел – одбрана на првото место и директен пласман во Супер лигата.

Богданчани го завршија есенскиот дел како убедлив лидер на табелата, без ниту еден пораз и без загубен бод, со максимални 12 победи од 12 натпревари, со што испишаа уште една значајна страница во богатата клупска историја.

Под водство на стручниот штаб предводен искусниот стратег Горан Андоновски, подготовките ќе се реализираат во спортската сала „Млаз“ во Богданци, со фокус на физичка и тактичка подготвеност, а поволните временски услови ќе бидат искористени и за тренинзи на отворено, на стадион.

Во пресрет на продолжението од првенството, Младост 1977 ќе одигра и два пријателски натпревари против суперлигашки екипи, како важен тест за формата на тимот.

ФОТО: РК Младост 1977

Првиот официјален натпревар во пролетниот дел од сезоната е закажан за 14 февруари 2026 година, кога Младост на домашен терен ќе го пречека тимот на Партизан од Гевгелија.


На првиот тренинг присуствуваа речиси сите ракометари, со исклучок на левиот бек Антонио Николоски, кој и покрај обидите на клубот да ја продолжи соработката, одлучи да ја напушти средината. Клубот официјално му се заблагодари за придонесот и му посака многу среќа и успех во понатамошната кариера.

ФОТО: РК Младост 1977

По барање на тренерот Андоновски, во сениорскиот тим се приклучени и неколку талентирани ракометари од кадетската екипа, кои се гледаат како иднина на клубот и дел од долгорочната стратегија за развој.

Во текот на оваа недела се очекува и промоција на новите засилувања, со кои ќе биде комплетиран ростерот за пролетниот дел, во кој Младост 1977 ќе води жестока битка со второпласираниот Мулти Есенс од Автокоманда за задржување на лидерската позиција – место кое единствено обезбедува директен влез во ракометната Супер лига.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Седум гола во пет меча, а две промени на табелата во 13. коло на Првата лига

Струга Трим Лум го презеде врвот, а Шкендија Арачиново го прескокна Силекс...

Прва лигаФудбал

Шкендија Арачиново со голем скок на табелата – Елези и Демири го урнаа Арсими за петтото место!

Шкендија Арачиново продолжува да освојува важни бодови во Првата македонска фудбалска лига....

Прва лигаФудбал

Брегалница се врати од негатива во Куманово – штипјани со важен бод против Башкими!

Брегалница освои значаен бод на гостувањето во Куманово, откако одигра нерешено 1:1...

Прва лигаФудбал

Вардар го слави Закариќ, шампионот има минус пет од врвот

Вардар освои големи три бода на тешкото гостување во Кратово кај Силекс,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!