Ракомет

ФОТО: Вардар ги започна подготовките – „црвено-црните“ ќе учествуваат на турнир во Хрватска

Сподели
ФОТО: РК Вардар
Сподели

Ракометниот клуб Вардар официјално ги започна подготовките за пролетниот дел од сезоната, во кој „црвено-црните“ ги очекуваат возбудливи предизвици на домашната и на европската сцена.

Под водство на тренерот Иван Чупиќ, вардарци го одработија првиот тренинг во Скопје и го означија стартот на подготвителниот период. Во почетната фаза од подготовките, стручниот штаб е без дел од ракометарите кои се на репрезентативни обврски. Десниот бек Урош Митровиќ настапува за Србија на Европското првенство, додека голманот Милош Валах, пивотот Виктор Јанковски и десниот бек Марек Марчињак се дел од селекцијата на Полска. Средниот бек Николас Боно, пак, настапува за репрезентацијата на Аргентина на првенството на Средна и Јужна Америка.

Подготовките Вардар ќе ги реализира во Скопје, а како дел од планот за темпирање на формата, екипата на крајот од месецот ќе настапи и на силен меѓународен турнир во хрватскиот град Лабин. На турнирот, закажан за 30 и 31 јануари, вардарци ќе ги одмерат силите со словенечкиот Слован Љубљана, како и со хрватските претставници Сесвете и Загреб.


Првиот официјален натпревар во продолжението од Супер лигата, Вардар ќе го одигра на 7 февруари против екипата на Куманово. Само десет дена подоцна, „црвено-црните“ ги очекува и европскиот предизвик, гостување кај Бенфика на 17 февруари, во првиот осминафинален натпревар од Лигата на Европа.

Со јасен план и силен распоред на натпревари, Вардар влегува во вториот дел од сезоната со амбиции за стабилни настапи и на домашната, и на европската сцена.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Ракомет

Астибо до голема победа над Струга на крилата на Анастасија Богоевска, Ева Манева и Ана Марија Накова

Астибо предводен од Габриела Величковска стигна до својата трета сезонска победа откако...

Ракомет

(ВИДЕО) Седум од седум! Пионерите на Младост го освоија Скопје, падна и Алкалоид – богданчани незапирливи!

Пионерите на Младост од Богданци продолжуваат со импресивните настапи во новата сезона....

Ракомет

Ракометен празник во Богданци: Легендарната „Млаз“ ќе ги пречека младите ракометни надежи на турнирот У13 – Исток!

Богданци повторно ќе биде во центарот на ракометните случувања, овојпат со најмладите...

Ракомет

Општина Конче испишува нова спортска приказна: Младите ракометари на РК Феникс ја бодреа Македонија од трибините!

Руралната општина Конче продолжува со поддршката и развојот на спортот, а благодарение...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!