Втора лигаФудбал

Новаци го закажа стартот на зимските подготовки – ростерот сочуван!

Сподели
ФОТО: ФК Новаци | АРХИВА
Сподели

Шефот на стручниот штаб на второлигашот Новаци, Дарко Крстески в среда ќе ја има првата прозивка за старт на зимските подготовки, дознава Спортска Мрежа од свои извори.

Како што дознаваме ростерот останува ист, раководството на Новаци успеа да ги задржи сите фудбалери од есенскиот дел, но според информациите на Спортска Мрежа, Новаци ќе биде засилен со три до четири играчи сигурно. Првите засилување ќе се промовираат за три до четири дена.

Ќе бидат одиграни и неколку пријателски натпревари преку кои ќе се проверува формата, за што ќе информираме за неколку дена околу целиот план на подготовките на стратегот Дарко Крстески.

Новаци одигра фантастична есен со тоа што финишираше на шестото место со 27 бодови и во пролетниот дел сигурно е дека тимот ќе има амбиции да заврши што повисоко на табелата, односно да ги напаѓа позициите кои водат кон баражот за Прва лига, а секако има и зошто!


Влезот на Евротип се покажа како полн погодок, а новата управа успешно менаџира со долгорочни планови како Новаци да прерасне во стабилен второлигаш со стабилни резултати, но и финансии, а потврда се фантастична есенска полусезона.

Пролетниот дел тимот на Новаци го отвара со гостување кај Победа во Прилеп.


Сподели

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Црна Река со висока гостинска победа, Кратово слави домашен триумф!

Екипата на Црна Река стигна до триумф над ССК на гостински терен, славејќи победа со резултат од 3:8, со што ланскиот прволигаш од...

ФудбалФутсал

Лидерот Проект во еден „потег“ го реши Мал Ајакс, Клими го „среди“ Балкан

Валандово вечерва гледаше прволигашки футсал откако Проект мечот со Мал Ајакс го одигра во салата „Филип Втори“, а кој меч непоразениот лидер од...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Црна Река со висока гостинска победа, Кратово слави домашен триумф!

Екипата на Црна Река стигна до триумф над ССК на гостински терен,...

ФудбалФутсал

Лидерот Проект во еден „потег“ го реши Мал Ајакс, Клими го „среди“ Балкан

Валандово вечерва гледаше прволигашки футсал откако Проект мечот со Мал Ајакс го...

Втора лигаФудбал

Листата на „отпишани“ второлигаши се зголеми!

Листата на „отпишани“ второлигаши од коло во коло се зголемува, покрај веќе...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!