Прва лигаФудбал

Еркан Мурсели и официјално нов тренер на Шкупи: Старт на ново поглавје во Чаир

Сподели
ФОТО: ФК Шкупи
Сподели

Прволигашот Шкупи и официјално му ја довери тренерската функција на Еркан Мурсели, кој ја презема екипата во еден од најтешките периоди во клупската историја. Чаирчани се наоѓаат на последната позиција на табелата по есенскиот дел од сезоната, со само еден освоен бод, а пред новиот стратег е исклучително тешка задача – враќање на тимот на вистинскиот пат.

Новото поглавје за Шкупи започна веднаш, откако Мурсели денеска го одржа и првиот тренинг со екипата.

Првата прозивка и стартот на подготовките беа симболични, но со силна порака за максимална посветеност, дисциплина и чесна работа во продолжението од сезоната.

Од клубот истакнуваат дека во период кога резултатите недостигаат, а зборовите имаат сè помала тежина, токму присуството и активната улога на новиот тренер треба да бидат сигнал дека Шкупи сериозно тргнува во обидот за резултатски пресврт.

ФОТО: ФК Шкупи

Фокусот ќе биде ставен на целосна мобилизација на ростерот и создавање стабилност во играта, со надеж дека екипата ќе успее да се извлече од незавидната позиција.

Еркан Мурсели во Чаир доаѓа со искуство од домашниот фудбал, а до минатата сезона беше дел од Шкендија Арачиново. Сега го очекува, можеби, најголемиот предизвик во неговата тренерска кариера.

Во Шкупи веруваат дека со новата енергија и јасен фокус, клубот може да започне нов циклус и да се обиде да ја направи мисијата за опстанок барем возможна, иако предизвикот останува огромен.

Сподели

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Црна Река со висока гостинска победа, Кратово слави домашен триумф!

Екипата на Црна Река стигна до триумф над ССК на гостински терен, славејќи победа со резултат од 3:8, со што ланскиот прволигаш од...

ФудбалФутсал

Лидерот Проект во еден „потег“ го реши Мал Ајакс, Клими го „среди“ Балкан

Валандово вечерва гледаше прволигашки футсал откако Проект мечот со Мал Ајакс го одигра во салата „Филип Втори“, а кој меч непоразениот лидер од...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Црна Река со висока гостинска победа, Кратово слави домашен триумф!

Екипата на Црна Река стигна до триумф над ССК на гостински терен,...

ФудбалФутсал

Лидерот Проект во еден „потег“ го реши Мал Ајакс, Клими го „среди“ Балкан

Валандово вечерва гледаше прволигашки футсал откако Проект мечот со Мал Ајакс го...

Втора лигаФудбал

Листата на „отпишани“ второлигаши се зголеми!

Листата на „отпишани“ второлигаши од коло во коло се зголемува, покрај веќе...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!