Ракомет

ОФИЦИЈАЛНО: ГРК Охрид го промовира Џанфранко Прибетиќ – договор до 2028 година

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Ракометниот клуб ГРК Охрид и официјално го промовираше своето ново засилување за продолжението од сезоната, хрватскиот репрезентативен пивот Џанфранко Прибетиќ, кој потпиша договор со „гладијаторите“ до 2028 година.

Станува збор за 25-годишен кружен напаѓач, висок 196 сантиметри, кој во Охрид пристигнува од најсилната ракометна лига во светот. Прибетиќ во досегашната кариера настапуваше за реномирани клубови како Нексе и ТВБ Штутгарт, а зад себе има и настапи за сениорската репрезентација на Хрватска, што дополнително говори за неговиот квалитет и искуство.

Со својата цврстина, борбеност и чувство за игра на линијата од шест метри, Прибетиќ треба да претставува значајно засилување за охридскиот состав во борбата за висок пласман на домашната сцена и успешен настап во Европа.

ФОТО: ГРК Охрид

Новото засилување не го криеше задоволството од трансферот во македонскиот клуб и испрати порака до навивачите на Охрид.

“Многу сум среќен и горд што потпишав за Охрид. Имам слушнато само убави зборови за клубот и за градот и ми претставува особена чест што сум тука. Се радувам на работата со нова екипа и нови предизвици кои не очекуваат во оваа полусезона и верувам дека ќе ги оствариме заедно со навивачите. Едвај чекам да започнат натпреварите и да се борам за целите на клубот” – изјави Прибетиќ.

Од таборот на ГРК Охрид истакнуваат дека ангажманот на хрватскиот пивот е дел од долгорочната стратегија на клубот, со јасна цел тимот да биде конкурентен на сите фронтови – во домашното првенство, Купот, како и во европските натпреварувања.

ФОТО: ГРК Охрид

Со официјалната промоција на Џанфранко Прибетиќ, охриѓани уште еднаш ја потврдија својата амбиција и сериозните намери за продолжението од сезоната.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Црна Река со висока гостинска победа, Кратово слави домашен триумф!

Екипата на Црна Река стигна до триумф над ССК на гостински терен, славејќи победа со резултат од 3:8, со што ланскиот прволигаш од...

ФудбалФутсал

Лидерот Проект во еден „потег“ го реши Мал Ајакс, Клими го „среди“ Балкан

Валандово вечерва гледаше прволигашки футсал откако Проект мечот со Мал Ајакс го одигра во салата „Филип Втори“, а кој меч непоразениот лидер од...

Поврзани написи
Ракомет

Младост се прошета во Свети Николе и ги собра бодовите, Драчево Јуниор и Вардар Неготино убедливи!

Лидерот Младост од Богданци останува непоразен во Првата ракометна лига, откако лесно...

Ракомет

Вардар ја освои Битола и е на чекор од шампионската титула

Вардар 1961 извојува огромна победа во дербито на македонскиот ракомет, откако на...

Ракомет

Кавадарчани убедливи – Тиквеш со сигурен триумф над Бутел Скопје

Екипата на Тиквеш стигна до сигурна победа над Бутел Скопје со резултат...

Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Еурофарм Пелистер – Вардар

Следете го во ЖИВО големото ракометно дерби во Битола меѓу Еурофарм Пелистер...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!