Прва женска фудбалска лигаФудбал

ЖФК Истатов стартува со зимските подготовки: Разговор со стратегот Кирил Изов

Сподели
Сподели

Прволигашот ЖФК Истатов во четврток официјално ќе ги започне зимските подготовки за вториот дел од сезоната во Првата женска фудбалска лига.

Искусниот стратег и селектор Кирил Изов во четврток ќе ја има првата прозивка и прв собир со фудбалерките за 2026 година, со што ќе биде означен стартот на подготовките за пролетниот дел од шампионатот.

Подготовките ќе се реализираат во Пржино, а клубот веќе има договорено неколку пријателски натпревари, меѓу кои и еден меѓународен тест во Охрид. Во разговор за Спортска Мрежа, шефот на стручниот штаб, Кирил Изов, говореше за планот на подготовки, ростерот, засилувањата и амбициите на тимот.

„Стартот на подготовките е закажан за 15 јануари (четврток) во Пржино. Со оглед на тоа што фудбалерките веќе имаат добиено програма за индивидуална работа и работат на истата, се надевам ќе дојдат со една добра физичка подлога и ќе можеме веднаш да наметнеме силно темпо на работа за да можеме што подобро да се подготвиме за предизвиците што не очекуваат во пролетниот дел. Планирано е одигрување на неколку пријателски натпревари и веќе се договорени натпреварите со ЖФК Тиверија Брера на 1 февруари во Струмица и 15 февруари со нашите спортски пријатели од Црна Гора, ЖФК Будуќност од Подгорица во Охрид. Во преговори сме за одигрување на уште неколку пријателски натпревари, но сеуште не се дефинирани истите“, истакна стратегот Кирил Изов во изјава за Спортска Мрежа.


Во клубот, како што посочува Изов, владее позитивна атмосфера и задоволство, а особено охрабрувачки е фактот што ниту една фудбалерка не изразила желба да го напушти тимот.

„Можам да кажам дека во клубот владее задоволство со оглед на фактот што сите фудбалерки остануваат и ниедна не изрази желба да го напушти клубот што само по себе кажува дека имаме одлична хемија внатре во тимот што придонесе и за постигање на добри резултати во есенскиот дел“, дополнува Изов.


Шефот на стручниот штаб откри дека се водат разговори околу евентуални засилувања, но без притисок и без бркање по секоја цена, со јасно дефинирани амбиции за пласман во горниот дел од табелата.

„Преговараме со неколку потенцијални засилувања, нема уште ништо конкретно, но со оглед на тоа што сум задоволен од моменталниот ростер, нема по секоја цена да се бркаат нови имиња во нашиот табор за пролетниот дел. Амбициите остануваат исти, бркање на што повисок пласман на табелата, односно пласман во топ четирите екипи на крајот од сезоната каде што сметам дека и според квалитетот и организациски припаѓаме.
Би ја искористил приликата на сите ваши читатели да им посакам Среќни празници, мир и здравје и поуспешна 2026 година“, заврши стратегот Кирил Изов.

ЖФК Истатов презимува на четвртото место на табелата со 26 бодови, исто колку и Ас Јунајтед кој се наоѓа на петтата позиција. „Истатовки“ беа и првата екипа која му одзеде бодови на актуелниот шампион Љуботен, на домашниот терен во Пржино.

Есенскиот дел од сезоната тимот го заврши со серија на победи, а пролетниот дел ќе го отвори на домашен терен против последнопласираниот тим на табелата, Кочани.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Тиквеш размислува само на победа денеска

Екипата на Тиквеш од Кавадарци на домашен терен денеска во рамките на новото 23. коло од шампионатот, ќе го пречека тимот на Шкупи....

Прва лигаФудбал

Цуцули: Не очекува тежок натпревар против Шкендија, но мора да реагираме како тим

Екипата на Арсими  во рамки на 23. коло од Првата  Фудбалска лига ќе се соочи со Шкендија  во Тетово. Иако гостиварскиот тим е...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Тиквеш размислува само на победа денеска

Екипата на Тиквеш од Кавадарци на домашен терен денеска во рамките на...

Прва лигаФудбал

Цуцули: Не очекува тежок натпревар против Шкендија, но мора да реагираме како тим

Екипата на Арсими  во рамки на 23. коло од Првата  Фудбалска лига...

Прва лигаФудбал

Ислами: За Шкендија секој меч до крајот е како финале

По нерешениот резултат против АП Брера на домашен терен, и победата на...

Прва лигаФудбал

Кадри: Не се предаваме, продолжуваме да го даваме максимумот

Дуелот меѓу Тиквеш и Шкупи се очекува да ја потврди позитивната серија...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!