Прва лигаФудбал

Башкими го претстави првото зимско засилување – промовиран Фодеј Травали од Брера

Сподели
ФОТО: ФК Башкими 1947
Сподели

Прволигашот Башкими 1947 го официјализираше првото засилување за пролетниот дел од сезоната, ангажирајќи го офанзивецот Фодеј Травали. Гамбискиот фудбалер во редовите на кумановскиот клуб доаѓа од Брера Струмица и ќе биде дел од офанзивната реконструкција што ја спроведува клубот оваа зима.

Во дресот на Брера забележа четири настапи, а низ својата кариера Гамбиецот настапуваше и за Четинкаја од Кипар, турскиот Тузласпор, за естонските екипи Паиде и Калев, имаше настапи за младинскиот тим на Вејле од Данска и за Фортуне од Гамбија.

Во тековната сезона во Првата лига одигра три меча со една асистенција, а запиша и еден настап во Купот на Македонија. Претходната сезона, Гамбиецот во дресот на Брера одигра 11 меча во Првата лига со еден гол и една асистенција, а имаше и три натпревари во Купот на Македонија.


Од клубот истакнуваат дека новото засилување пристигнува високо мотивирано и подготвено да донесе свежина, креативност и поголема опасност во нападот, сегмент во кој екипата имаше најмногу потреба од подобрување. Со своето европско искуство и офанзивни квалитети, Травали треба да биде важен адут во борбата за подобри резултати во пролетниот дел од сезоната.

Тимот денес ги започна и зимските подготовките, а главната фаза ќе биде реализирана на хрватско тло, каде ќе се одиграат и неколку натпревари преку кои ќе се проверува подигањето на формата за пролетните предизвици во ПМФЛ.


Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!