Прва лигаФудбал

Шкупи ги започнува подготовки за тешката пролетна полусезона!

Сподели
ФОТО: ФК Шкупи
Сподели

Прволигашот Шкупи официјално ги започна зимските подготовки, откако клубот од Чаир најави дека во недела стартува ново поглавје во тековната сезона. Првиот тренинг ќе се одржи на стадионот во Чаир со почеток од 13:00 часот и ќе биде отворен за навивачите, како порака дека клубот сака заедно со публиката да го започне патот кон подобри резултати.

Од Шкупи потенцираат дека следи период на сериозна работа, со акцент на поголема транспарентност, посветеност и постепено подобрување на состојбата во клубот. Раководството верува дека со напорна работа, чесен пристап и поддршка од навивачите може да се изгради посветла иднина за тимот.

Зимските подготовки доаѓаат во тежок период за Шкупи, кој презимува на дното од табелата со само еден освоен бод. Клубот во досегашниот тек од сезоната веќе промени двајца тренери – започна со турскиот стратег Умит Шахин, потоа беше ангажиран Минас Османи, кој поднесе оставка, па така чаирчани во продолжението од сезоната ќе бидат предводени од трет тренер.

Во Шкупи се надеваат дека зимскиот период ќе донесе стабилизација и позитивен пресврт, а почетокот на подготовките симболично го отвораат заедно со своите навивачи.


Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!