Европско првенство 2026Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија со пресврт ја совлада Украина и ќе игра за трофејот во Винтертур

Сподели
ФОТО: Принтскрин
Сподели

Машката ракометна репрезентација на Македонија ја забележа втората победа на „Жолтиот куп“ во Винтертур, откако ја совлада Украина со 31-26 и ја задржа шансата за освојување на трофејот.

Доколку Швајцарија очекувано го победи Бахреин, директниот дуел со домаќинот утре ќе решава за првото место.

Иако избраниците на Кирил Лазаров имаа негатива од четири гола по првото полувреме (17-13), во продолжението прикажаа сосема поинакво лице и со одлична игра во одбраната направија целосен пресврт.

Украина подобро го отвори натпреварот, предводена од расположениот Турченко и сигурниот голман Комок, кој одбрани неколку чисти шанси. Нашиот тим имаше проблеми со реализацијата и техничките грешки, што ривалот го искористи за предност до паузата.

Клучниот момент се случи на стартот од вториот дел, кога на голот застана Иван Галевски. Со серија одбрани внесе сигурност во одбраната, а Македонија за само десетина минути направи пресврт и поведе со 19-18. Следуваше период на целосна контрола, при што разликата постепено растеше.

По тајм-аутот на Лазаров, Македонија повторно се одлепи, а падот во играта на Украинците беше казнет. Пешевски, Ѓорѓиев и Серафимов беа прецизни во клучните моменти, па победата не беше доведена во прашање.

Најефикасен во македонскиот состав беше Кузмановски со седум погодоци, Ѓорѓиев додаде четири, а Велковски, Серафимов и Џонов постигнаа по три гола.

Во последното коло од турнирот, Македонија утре од 18:00 часот ќе игра против домаќинот- Швајцарија.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

(ФОТО) Готен сезоната ја отвара против Сачево, Василево против Струмешница, Единство налета на Спартмани

Вечерва беше извлечена ждрепката за новата сезона во Четвртата фудбалска лига во Струмица, односно Општинската лига, која стартува веќе во недела, а ќе...

Втора лигаФудбал

Стојанче Трпчевски ќе им суди на Охрид и Брера, Влатко Илиоски го доби дербито под рефлектори во Струмица

Викендот на програмата се натпреварите од 7. коло на Втората македонска фудбалска лига, а кое коло ќе се игра во два дена, односно...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Нов пораз за Македонија: Швајцарија убедлива со три гола во Луцерн

Фудбалската репрезентација на Македонија со пораз ги заврши натпреварите во овој циклус...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

СТАРТНИ СОСТАВИ: Алиоски се враќа, со Дориев и Елмас против Швајцарија!

Македонија вечерва во Луцерн ја очекува четвртиот натпревар во Лигата на нации,...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонската репрезетнација до 18 години со победа над Црна Гора

Младата репрезентација на Македонија до 18 години забележа победа од 1:0 против...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!