ИнтернационалциФудбал

Младиот фудбалер Ѓоко Спасов од Тиквеш на позајмица во Турција

Сподели
ФОТО: ФК Тиквеш
Сподели

Кавадаречки Тиквеш продолжува со стратегијата за развој и промоција на млади фудбалери, откако еден од најперспективните играчи од својот ростер ќе ја продолжи кариерата надвор од границите на Македонија.

19-годишниот Ѓоко Спасов во наредниот период ќе настапува во втората турска лига, каде како позајмен фудбалер ќе го носи дресот на Шерик Спор Футбол од Анталија. Позајмицата ќе му овозможи на младиот крилен напаѓач да стекне драгоцено меѓународно искуство и да се развива во поконкурентна средина.

Спасов настапува на позицијата лево крило и важи за фудбалер со изразена брзина и офанзивен потенцијал. Во пролетниот дел од актуелната сезона во Првата македонска фудбалска лига забележа пет настапи во дресот на Тиквеш, при што доби можност да се наметне и во сениорска конкуренција.

Од клубот очекуваат престојот во Турција да придонесе за негов напредок, по што Спасов би се вратил позрел и поискусен фудбалер, подготвен за поголема улога во редовите на Тиквеш во иднина.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Еуромилк ГЛ сигурен кон баражот за Втора лига, поранешен второлигаш оди кон испаѓање во Општинска лига!

По 15 кола во Трета лига – Север тимот на Еуромилк ГЛ кој во минатото беше дел од фудбалската елита е на добар...

Трета лигаФудбал

Камјани има солидна бодовна предност во Трета лига – Запад, ќе биде ли доволна за второлигашки бараж?

Три екипи се имаат шанси за првата позиција во Трета лига – Запад која води кон баражот за Втора лига, но најголема шанса...

Поврзани написи
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!