Ракомет

Подготовките во вистинска насока – нова победа на кадетската репрезентација!

Сподели
ФОТО: РФМ
Сподели

Македонската машка кадетска репрезентација ја заокружи контролната серија со уште една сигурна победа против Црна Гора, славејќи со 31-24 во вториот пријателски натпревар.

По убедливиот вчерашен триумф со 15 гола разлика, избраниците на селекторот Горан Кузманоски и овојпат го контролираа резултатот во најголемиот дел од дуелот, иако противникот даде посериозен отпор.

Дуелот започна со водство од 6-2 за нашите кадети, но гостите успеаја да се вратат и да израмнат на 11-11. На полувремето Македонија замина со минимална предност од 14-13, по што во второто полувреме следуваше поконцентрирана игра и целосна доминација до конечни 31-24.

Во листата на стрелци се истакна Стефан Ѓеоргиески со девет погодоци, Јован Петрески постигна шест, додека Лука Јовиќ и Бобан Поповски се запишаа по пет пати.

Двата контролни натпревари против Црна Гора претставуваа дел од подготовките за настапот на Европското првенство што ќе се одржи во август во Србија.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Победа Валандово брка 5/5, фаворитите се под притисок: Петтото коло може да ја „раздрма“ Третата лига регион 3!

Во недела ќе се одиграат натпреварите од петтото коло во Третата македонска фудбалска лига – регион 3, кое може да донесе промени на...

ФудбалЧетврта лига

Новата сезона во ОФЛ Струмица стартува во недела, ќе се натпреваруваат 14 екипи

Со 14 екипи во недела ќе започне новата сезона 2026/27 во Општинската фудбалска лига – Струмица. Ждрепката е закажана за утре, кога ќе...

Поврзани написи
Ракомет

Зечевиќ пред дербито со Алкалоид: „Верувам во својата екипа, ќе ја израдуваме охридската публика“

По убедливиот пораз на гостувањето кај Вардар во минатото коло, ракометарите на...

Ракомет

Пелистер до првиот европски бод, Кузмановски со капитенска партија за паметење!

Еурофарм Пелистер стигна до првиот бод во новата сезона во Европската лига,...

Ракомет

ЕКСКЛУЗИВНО: Моралес пред Вардар – Висла: „Два бода од „Јане Сандански“ се многу тешка задача!“

Вардар го очекува нов европски предизвик во Лигата на шампионите, а на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!