Фудбал

ФФМ покрена Дисциплинска постапка за Сејдини, ревизија и на ПРО лиценците за тренери!

Сподели
Сподели

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија на денешната седница донесе одлука за покренување дисциплинска постапка пред Дисциплинската комисија на ФФМ против поранешниот претседател на федерацијата, Муамед Сејдини.

Постапката е иницирана поради основано сомнение за измама и доведување во заблуда на членовите на Управниот одбор, поврзано со авансна исплата во износ од 700.000 евра кон фирмата-изведувач задолжена за изградба на трибината на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид.

Според достапната документација, исплатата била извршена самоиницијативно, спротивно на одлуката на Управниот одбор, надвор од утврдените надлежности и без обезбедена банкарска гаранција, што било предвидено во понудата.

Управниот одбор оценува дека постојат елементи на тешки повреди на службените обврски и дејствување спротивно на интересите на ФФМ, со што се предизвикани сериозни негативни последици врз угледот и финансиското работење на федерацијата.

Дополнително, Управниот одбор на ФФМ донесе одлука за формирање ад-хок комисија која ќе спроведе ревизија на едукативниот процес за носителите на тренерски лиценци издадени од Едукативниот центар на ФФМ.

Ревизијата ќе опфати проверка на почитувањето на роковите, процедурите и критериумите за учество во едукативните модули, како и начинот на издавање на тренерските лиценци. Меѓу другото, ќе се испита и постапката за добивање на ПРО лиценцата од страна на поранешниот селектор Игор Ангеловски, ревизија која тој самиот ја побара.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!