Ракомет

ГРК Охрид го засили ростерот со хрватски кружен напаѓач – Прибетиќ потпиша до 2028

Сподели
Сподели

Ракометниот клуб ГРК Охрид продолжува сериозно да го гради тимот за продолжението од сезоната и официјално го ангажираше хрватскиот кружен напаѓач Џанфранко Прибетиќ. Станува збор за 25-годишен ракометар кој доаѓа со богато меѓународно искуство и потпиша долгорочен договор со „гладијаторите“ до 2028 година.

Прибетиќ е роден во Ријека, висок е 196 сантиметри и важи за исклучително цврст и борбен играч на линијата од шест метри. Кариерата ја започна во Пореч, а најголемиот дел од своето афирмирање го доживеа во дресот на хрватскиот вицешампион Нексе, каде пет сезони настапуваше и во ЕХФ Европската лига, стекнувајќи значајно европско искуство.

Во изминатиот период беше дел и од германскиот бундеслигаш ТВБ Штутгарт, каде од летото 2024 година настапуваше во една од најсилните ракометни лиги во Европа, што дополнително го збогати неговиот играчки развој.

Новиот член на Охрид во 2019 година беше дел и од кадетската репрезентација на Хрватска, која настапи на Светското У19 првенство во Скопје и го освои 10. место.


Со доаѓањето на Прибетиќ, Охрид испраќа јасна порака за своите амбиции. Тимот ја заврши есенската полусезона на третото место со 29 бодови и во пролетниот дел ќе атакува на шампионската титула и Куп-трофејот, а воедно го очекува и европски предизвик во осминафиналето на ЕХФ Европскиот Куп против чешка Дукла Прага.

Нема дилеми дека Џанфранко Прибетиќ ќе биде значајна алка во мозаикот на тренерот Борис Ројевиќ во борбата за трофеи на домашната и европската сцена.


Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Нзенгуе: Шкендија е најдобриот тим во Македонија, борбата за титулата е приоритет!

Новиот напаѓач на Шкендија, Фахд Нзенгуе, не го крие задоволството од трансферот во тетовскиот клуб и јасно ги истакна причините поради кои се...

Прва лигаФудбал

Арсими со пораз го отвори подготвителниот циклус во Хрватска

Фудбалерите на Арсими 1973 го одиграа првиот контролен натпревар во рамките на зимските подготовки во Хрватска, каде во Медулин беа поразени од хрватскиот...

Поврзани написи
Ракомет

Ѓукиќ со пофалби за македонската Супер Лига: „Македонците се ракометни фанатици“

Во интервју за српскиот портал MozzartSport, ракометарот на ГРК Охрид, Дарко Ѓукиќ,...

Европско првенство 2026Ракомет

ЕП 2026: Што носат „Хероите од морето“ – анализа на Португалија, ривалот на Македонија во групата Б

Португалската ракометна репрезентација, позната под прекарот „Хероите од морето“, со големи амбиции...

Европско првенство 2026Ракомет

Португалија без Еспиња на ЕП — Вардаровиот голман отпадна од списокот

Португалската репрезентација ќе настапи без голманот на Вардар, Мигел Еспиња Фереира, на...

Ракомет

Иванковиќ повторно во репрезентацијата — замена за повредениот Љевар

По контролниот натпревар со Македонија во кој Хрватска славеше со 26-23, селекторот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!