Останато

Кугланата во Битола ќе биде лиценцирана и за меѓународни натпревари

Сподели
ФОТО: Општина Битола
Сподели

Кугланата во Битола беше подлежна на реконструкција, односно поправки и замена на опремата која беше дотраена. Тоа чинеше 5 илјади евра и сега е пред лиценцирање со цел одржување на натпревари. Поправката ја вршеше лиценцираниот одржувач на куглани Миле Вулетиќ од Апатин, Србија.

Денеска увид во работите направи градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, претседателот на Советот, Бојан Бојкоски и директорот на „Комуналец“, Горан Степановски во чија надлежност е одржувањето.

Инаку Вулетиќ е лиценциран одржувач на куглани и досега има изведени повеќе од 12 сали, а подготвува куглани и за европски и светски купови.

ФОТО: Општина Битола

Во јануари 2026 година повторно ќе биде лиценцирана салата од овластен претставник за одржување на натпревари, односно за добивање на лиценца за одигрување на меѓународни натпревари.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Останато

(ФОТО) Радовиш има нови шампиони! Team Carvalho освои десет златни и еден сребрен медал на Државното првенство!

Одличен настап, бројни медали и уште една потврда за квалитетната работа со...

Останато

(ФОТО) Штип УГД ја освои Струмица: Шампионот славеше во големото одбојкарско дерби по вистинска драма!

Актуелниот македонски одбојкарски шампион Штип УГД продолжува со максимален ефект во новата...

Останато

Ждрепка в недела, први борби в понеделник на Европското првенство во кик-бокс во Скопје

Европското првенство во кик-бокс во Скопје денеска почнува со пристигнување на делегациите,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!