Прва лигаФудбал

Пелистер се раздели со српски интернационалец

Сподели
ФОТО: ФК Пелистер
Сподели

Еден од странските фудбалери го напушта редовите на Пелистер во пресрет на продолжението од сезоната во Првата македонска фудбалска лига. Битолчани веќе влегоа во активен период од преодниот рок, а првата промена во играчкиот кадар е заминувањето на српскиот интернационалец Петар Ристиќ.

Десното крило повеќе не е дел од „зелените“, откако двете страни одлучија да ја прекинат соработката. Ристиќ во дресот на Пелистер настапи на 11 првенствени натпревари, при што постигна еден погодок и забележа четири асистенции, а на теренот мина вкупно 438 минути.

25-годишниот фудбалер е роден во Врање, а во Битола пристигна од српскиот Трајал од Крушевац. Во својата кариера има настапувано и за неколку познати српски клубови, меѓу кои Мачва, Радник, Раднички Ниш, Јагодина, Тимочанин и Будуќност Поповац.

Пелистер во наредниот период се очекува дополнително да го освежи ростерот со цел да обезбеди што подобар пласман во вториот дел од шампионатот, додека заминувањето на Ристиќ е само почеток на најавените промени во битолскиот клуб.


Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!