Прва лигаФудбал

Прволигашот Башкими прави голем „ремонт“ – разделба со дури ДЕСЕТ фудбалери

Сподели
ФОТО: ФК Башкими
Сподели

Прволигашот Башкими од Куманово се одлучи да направи драстична промена во ростерот оваа зима, откако клубот кој по 17 години се врати во елитата се раздели со дури десет фудбалери.

Марко Симоновски, Огузан Ајдоган, Фламур Џелили, Абдулхади Јахја, Недим Хаџиќ, Иса Аденкуле, Хабубула Аскар, Фарук Бихорац, Самет Реџепи и Ардит Демири се фудбалерите кои во иднина нема да го носат „зелено-црниот“ дрес.

Најмногу промени ќе има во нападот откако Башкими се раздели со пет фудбалери, промени ќе има и во средниот и во дефанзивниот ред.

Тимот во текот на есенската полусезона направи и тренерска промена откако Муарем Муарем кој сега е нов тренер на Работнички го презеде Башкими од Баже Јанакиевски, но дојде до промена и Јанакиевски кој го внесе Башкими во Прва лига се врати одново на тренерското столче на тимот од Куманово.


Во следниот период според информациите на Спортска Мрежа клубот сериозни ќе се активира на трансфер пазарот и ќе започне со промоција на првите зимски засилувања.

Башкими есенскиот дел го заврши на шестото место со 22 бодови, колку што има и Арсими кој е петти.


Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!