Ракомет

Заменет судиски пар на ЕП 2026, а Македонија за првпат со два судиски пара на ЕП!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Европската ракометна федерација направи корекција на листата на арбитри за претстојното Европско првенство што ќе се одржи во Данска, Шведска и Норвешка.

Имено, поради пријавена повреда, чешкиот судиски пар Вацлав Хорачек и Јири Новотни отпадна од листата на арбитри, а нивното место го презедоа Србите- Марко Боричиќ и Дејан Марковиќ.

Овој шампионат ќе има историско значење за македонскиот ракомет, бидејќи за првпат две судиски двојки од Македонија ќе делат правда на едно Европско првенство.

Дебитантски настап на големо сениорско натпреварување ќе имаат судискиот пар- Димитар Митревски и Благојче Тодоровски од Битола, додека веќе етаблираниот пар Славе Николов – Ѓорѓи Начевски повторно е дел од елитната листа.

Во конкуренција се вкупно 18 судиски двојки од цела Европа, а само две земји имаат по два пара — Македонија и Шпанија, со што се нагласува континуитетот и кредибилитетот на македонските арбитри на меѓународната сцена.

Европското првенство 2026 ќе се игра од 15 Јануари до 1 Февруари во Хернинг, Осло, Малме и Кристијанштад.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект одбрана на титулата ја стартува од Валандово, дерби на Форца и Шкупи, предизвик за новите прволигаши

Утре во Валандово стартува новата сезона во Првата футсал лига, Проект ја брани двојната круна, а два поранешни шампиони сакаат да го соборат...

Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти Есенс, откако ремизираше и во Богданци се врати во бод, фокусот...

Поврзани написи
Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти...

Ракомет

Вардар немоќен пред Висла Плоцк: Трет пораз за „црвено-црните“ во Лигата на шампионите

Ракометарите на Вардар 1961 го претрпеа третиот пораз во Лигата на шампионите,...

Ракомет

Зечевиќ пред дербито со Алкалоид: „Верувам во својата екипа, ќе ја израдуваме охридската публика“

По убедливиот пораз на гостувањето кај Вардар во минатото коло, ракометарите на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!