Прва лигаФудбал

Работнички го назначи Муарем Муарем за нов шеф на стручниот штаб

Сподели
ФОТО: ФК Работнички
Сподели

По разделбата со српскиот тренер Ален Тупајиќ, раководството на Работнички донесе одлука за нов шеф на стручниот штаб. Клупата на „херојот од Дебар Маало“ од овој момент му е доверена на Муарем Муарем, млад, но веќе докажан македонски стратег, кој во најголемиот дел од есенскиот дел во ПМФЛ го предводеше тимот на Башкими.

Назначувањето на 37-годишниот тренер доаѓа во еден од најтешките моменти во поновата историја на Работнички. Клубот се наоѓа во долниот дел од табелата и го очекува вистинска борба за опстанок во македонската елита. Токму затоа, од Муарем се очекува да внесе свежина, јасна тактичка визија и лидерски пристап, со цел стабилизирање на тимот и подобрување на резултатите во продолжението од сезоната.

Муарем зад себе има солидно тренерско портфолио. Минатата сезона остави силен впечаток со Гостивар, каде што покажа дека знае да работи под притисок и да извлече максимум од тим со ограничени ресурси. Во тековната сезона го водеше Башкими, со кој оствари конкурентни настапи во ПМФЛ и ја потврди својата репутација како тренер со современ пристап и јасна фудбалска филозофија.

Работнички, пак, низ целата есенска полусезона минуваше низ сериозна турбуленција. Сезоната започна со Бојан Маркоски, по што следуваа тренерските ангажмани на Ердем и Бабунски, а есенскиот дел го заврши Тупајиќ. Честите промени на клупата се одразија и на резултатите, па клубот презими со само седум освоени бодови и претпоследно место на табелата, што е далеку под очекувањата и традицијата на овој скопски прволигаш.

Новото поглавје за Работнички ќе започне на средината од февруари 2026 година, кога Муарем Муарем ќе го има своето деби на клупата на „црвено-белите“ на гостувањето кај Пелистер во Битола. Натпревар кој уште на стартот ќе биде сериозен тест за новиот тренер и за неговата визија за излез од кризата.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!