Останато

Младата македонска тенисерка Сара Митевска го заврши настапот во квалификациите на ИТФ турнирот во Анталија

Сподели
ФОТО: Тениска федерација на Македонија
Сподели

Младата македонска тенисерка Сара Митевска го заврши настапот во квалификациите на ИТФ турнирот во Анталија, кој се игра за награден фонд од 15.000 долари. По неизвесен распоред и повеќе одложувања, денеска беше доигран мечот од второто квалификациско коло.

Противничка на Митевска беше третата носителка во квалификациите, српската тенисерка Клара Ваја, која по голема борба славеше со 2-0 во сетови (6:4, 6:4). Натпреварот започна претходниот ден, но беше прекинат во првиот сет при водство од 5:3 за Ваја, за денеска да добие конечен епилог.

И покрај елиминацијата, настапот во Анталија претставува важно искуство за Митевска, која во продолжение од сезоната ќе има и обврски во младинска конкуренција, каде што ќе продолжи со градење на својата тениска кариера.


Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Останато

(ФОТО) Радовиш има нови шампиони! Team Carvalho освои десет златни и еден сребрен медал на Државното првенство!

Одличен настап, бројни медали и уште една потврда за квалитетната работа со...

Останато

(ФОТО) Штип УГД ја освои Струмица: Шампионот славеше во големото одбојкарско дерби по вистинска драма!

Актуелниот македонски одбојкарски шампион Штип УГД продолжува со максимален ефект во новата...

Останато

Ждрепка в недела, први борби в понеделник на Европското првенство во кик-бокс во Скопје

Европското првенство во кик-бокс во Скопје денеска почнува со пристигнување на делегациите,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!