ОстанатоФудбал

ФФМ повторно ќе ги наградува најдобрите во македонскиот фудбал

Сподели
ФОТО: Принтскрин
Сподели

По неколкугодишна пауза, Фудбалската федерација на Македонија повторно ќе ја возобнови традицијата на избор и наградување на најдобрите во домашниот фудбал. Манифестацијата „најдобрите во македонскиот фудбал“ повторно ќе стане дел од календарот на ФФМ и ќе им оддаде признание на оние кои оставиле најсилен печат во претходната годината.

Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, информираше дека изборот ќе се однесува на најдобрите остварувања во 2025 година, а свеченото доделување на признанијата е планирано да се одржи во првата половина на февруари. Во наредниот период ќе бидат објавени и деталите околу локацијата и концептот на настанот.

Со оваа одлука, ФФМ повторно ќе ги избира најдобриот фудбалер, тренер, фудбалски работник, како и лауреати во повеќе други категории, со што ќе се врати една важна практика која долго време недостасуваше на македонската фудбалска сцена.

Возобновувањето на оваа манифестација се оценува како позитивен чекор и јасна порака дека вреднувањето на трудот, успехот и квалитетот повторно добива свое заслужено место во македонскиот фудбал.


Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!