Фудбалскиот сојуз (ФС) Охрид им додели по пет фудбалски топки на своите екипи од Општинската фудбалска лига, а на овој начин Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) директно им помага на клубови кои се натпреваруваат во Општинската фудбалска лига или Четврта лига по ранг на натпреварување.
Претседателот на ФС Охрид, Диме Попоски продолжува со заложбите за подобри услови на фудбалските клубови кои се дел од Општинската фудбалска лига, притоа се потврдува и одличната соработка на ФС Охрид со ФФМ, како и на Попоски со претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ.
Клубовите, но и ФС Охрид се заблагодарија за безрезервната помош, но и поддршка која ја добиваат од ФФМ и од претседателот Омерагиќ.