Втора лигаМагазинФудбал

На полувреме со… Јасин Казимоски – фудбалер на ФК Детонит Плачковица

Сподели
Сподели

Во рубриката „На полувреме со…“ на Спортска Мрежа, продолжуваме да ги запознаваме спортистите од една поинаква, порелаксирана страна. Овојпат на краток „полувременски“ разговор ни гостува Јасин Казимоски, фудбалер на ФК Детонит Плачковица од Радовиш.

Казимоски е 24-годишен фудбалер роден во Струга, кој зад себе има богато искуство во македонскиот фудбал. Во својата кариера настапувал за Победа, Воска Спорт, Новаци, Караорман, Велешта, Охрид, Велазерими, Тетекс, Ренова и Младост Царев Двор, а денес е важен дел од проектот на Детонит Плачковица.

Во продолжение следуваат кратки, забавни и искрени одговори на прашања кои откриваат што сака Јасин надвор од теренот, како размислува за фудбалот, тимот и сопствената кариера.

  • Гол од пенал или гол од игра?

Гол од игра.

  • Омилен фудбалер?

Имам двајца омилени фудбалери. Фернандо Торес поради кој го засакав фудбалот и Еден Азар поради магијата што ја покажуваше на секој натпревар.

  • Клуб за кој навиваш?

Челзи.

  • Кој соиграч е најгласен во соблекувалната?

Сашо Дуков.

  • Хет-трик и пораз на твојот клуб или промашен пенал, но победа на твојот тим?

Промашен пенал и победа на тимот – тимот е секогаш пред поединецот.

  • Пица или хамбургер?

Пица.


  • Реал Мадрид или Манчестер Сити?

Манчестер Сити, поради атрактивниот фудбал кој го игра.

  • Детонит Плачковица или Новаци?

И Детонит и Новаци, бидејќи двата клуба се дел од мојата кариера.

  • Струга или Радовиш?

Струга, бидејќи како Струга – нема друга.

  • Против кој клуб ти е најтешко за игра?

Досега најтежок противник ми бил ФК Вардар.

  • Победа која ти е најдрага?

Победата од 2:0 против Арсими во првото коло од сезоната 2023/24, кога Новаци беше повратник во Втора лига, а Арсими фаворит.

  • Пораз кој и ден-денес те боли?

Поразот против Вардар во сезоната 2022/23, кога со играч помалку водевме на полувреме, а јас бев стрелец, но на крај загубивме 1:2.

  • Тренерски совет кој секогаш ќе го паметиш?

Работи, верувај во себе и давај го максимумот на секој тренинг и натпревар.

  • Омилен цимер?

Јусуф Каба, додека игравме за Победа Прилеп.


  • Риба или пилешки стек?

Пилешки стек.

  • Кафе или вода?

И вода и кафе.

  • Каква музика слушаш?

Странска музика – хип хоп и поп.

  • Омилен дел од тренингот?

Тренинг во трета зона и завршница на гол.

  • Зимски или летни подготовки?

Летни подготовки.

  • Кој соиграч е најгласен на теренот во Детонит Плачковица?

Голманот Димитар Ѓоргиев.


  • Колку си задоволен од есенскиот дел?

Релативно задоволен, но секогаш може повеќе.

  • Со кои соиграчи најдобро се разбираш на теренот?

Со Мартин Мисердовски и Стефан Ристевски.

  • За кој клуб би сакал да заиграш во Македонија?

За Струга Трим Лум или за Шкендија.

  • Кога играш дома, што те мотивира повеќе – публиката или противникот?

Публиката е секогаш поддршка, но и противникот ме мотивира.

  • Еден гол или четири асистенции?

Четири асистенции.

  • Тесна или убедлива победа?

Убедлива победа.


  • Омилена книга?

„I can’t make this up“ од Кевин Харт.

  • Кој соиграч е најтивок во соблекувалната?

Мартин Шаренковски.

  • Што правите на полувреме кога губите?

Се мотивираме да го свртиме резултатот и да покажеме дека сме подобар тим.

  • Омилена храна по натпревар?

Пица.


  • Кој твој гол ти е омилен?

Првиот сениорски гол против Вардар, за Караорман, пред домашна публика во сезоната 2022/23.

  • Што е полошо – промашен пенал или промашен празен гол?

Промашен празен гол.

  • Што ти носи среќа на натпреварите?

Немам нешто посебно – верувам дека работата на тренинг секогаш се исплаќа.

  • Дали би се вратил во поранешен клуб?

Секогаш е убаво да се вратиш таму каде што си ги направил првите чекори – би сакал повторно да заиграм за Караорман.

  • Омилено овошје?

Јаболко и банана.

Рубриката „На полувреме со…“ има за цел да донесе една поинаква атмосфера со спортистите – кратки разговори, брзи одговори и опуштени прашања, токму како на полувреме од натпревар. А кај Јасин Казимоски пораката е јасна: тимот е секогаш пред поединецот, работата на тренинг се враќа на терен, а фудбалот се игра со срце.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

Пелистер славеше во Маџари, Феникс го шокираше Куманово – возбудливо 14. коло во „МТЕЛ“ Супер лигата

Денес се играше 14. коло во кошаркарската „МТЕЛ“ Супер лига кое понуди богата програма, ефикасни натпревари и неколку резултати кои сериозно влијаат на...

КошаркаКошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Македонија домаќин на Европското првенство У16 „Б“ дивизија

Кошаркарската федерација на Македонија извести дека ФИБА Европа, донесе одлука Европското првенство во „Б“ Дивизија, во категорија У16-мажи, да ѝ го додели на...

Поврзани написи
Втора лигаТрета лигаФудбал

Пријателски меч на Победа Валандово и Кожуф со хуманитарен карактер!

Во сабота (7 февруари), со почеток во 13:00 часот, на Градскиот стадион...

Втора лигаФудбал

Гест на почит: Бесплатни сезонски влезници за ветераните на Брегалница

ФК Брегалница уште еднаш покажа дека е клуб со традиција, вредности и...

ИнтернационалциФудбал

Големиот фудбалски талент Александар Грашески потпиша договор со Динамо Загреб

Македонскиот младински репрезентативец Александар Грашески направи голем чекор во својата фудбалска кариера,...

ИнтернационалциФудбал

Горазд Михаилов ја продолжува кариерата во Литванија – шеф на стручниот штаб на Ритериаи

Македонскиот фудбалски тренер Горазд Михаилов (51) доби нов интернационален ангажман и ќе...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!