Турнири

Вечерва на „Стојаково 2025“ ќе биде „пеколно“ кај јуниорите, а неизвесно кај сениорите!

Сподели
Сподели

Денес на програмата се неколку возбудливи натпревари во рамки на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“, со полуфинални дуели кај јуниорските категории и настапи на сениорските екипи.

Програмата започнува во 18:00 часот со полуфиналниот натпревар во категоријата јуниори (2016/2017), каде ќе се соочат екипите на Мини Дриблерс и Јанг Бојс. Половина час подоцна, во второто полуфинале, ќе играат Жила-Стојаково и Гевгелија Мол.

Во сениорска конкуренција, од 19:00 часот е закажан дуелот меѓу Еклер Транс и ФК Лион, додека во 19:45 часот Еклер Транс ќе се соочи со Пролетер – Стојаково.

Екипата може да пријави десет играчи и само еден претставник на екипа за време на натпреварот, плус еден играч џокер од елиминациската фаза.

Списокот на играчи се доставува по пат на пополнет формулар при самото пријавување на екипата и истиот е конечен до крајот на турнирот, со исклучок на џокер играчот од елиминациската фаза.


Списокот на пријавени играчи на екипа не може да се дополни по завршувањето на групната фаза, освен за надополнување на џокер играчот од елиминациската фаза.

Играч на екипа која е елиминирана во групната фаза може да настапи за друга екипа во елиминационата фаза само како џокер. Доколку се случи екипа да несоодветно постапи кон овој правилник, се санкционира целата екипа со дисквалификација.

Следуваат многу вредни награди за публиката.

Спортска Мрежа медиумски по првпат го поддржува овој турнир во мал фудбал кој се игра во Стојаково.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија денес ќе игра против Украина на „Жолтиот куп“

Ракометарите на Македонија денес го играат вториот натпревар од „Жолтиот куп“ против репрезентацијата на Украина. Овие натпревари служат како последна проверка пред настапот...

ИнтернационалциФудбал

Голманот Денковски ја затвори босанската епизода, во потрага по нов клуб

Македонскиот голман Давид Денковски повеќе не е дел од екипата на Посушје, откако двете страни постигнаа договор за предвремен прекин на соработката. Иако...

Поврзани написи
Турнири

ВИДЕО: Финалето меѓу Дим Метал и Пицерија Дивино од „Стојаково 2025“

Екипата на Дим Метал го подигна шампионскиот пехар на турнирот во мал...

Турнири

ВИДЕО: Тими Инвест го освои турнирот во Речица под водство на Назиф Исмаили – Мурињо

Екипата на Тими Инвест, предводена од харизматичниот тренер Назиф Исмаили, познат меѓу...

Турнири

ФОТО: Дим Метал фуриозно во финалето против Пицерија Дивино за прво место на „Стојаково 2025“

Екипата на Дим Метал од Неготино е победник на турнирот во мал...

Турнири

Пицерија Дивино и Дим Метал во големото финале на турнирот “Стојаково 2025” 

Синоќаа беа одиграни полуфиналните натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!