Ракомет

Еурофарм Пелистер 2 со голем триумф над Пролет во трката за место во плеј-офот

Сподели
ФОТО: РК Еурофарм Пелистер 2
Сподели

Еурофарм Пелистер 2 се врати на победнички патеки и со сигурна партија пред својата публика го совлада составот на Пролет 62 со 32-25, останувајќи во игра за пласман во плеј-офот на ракометната Суперлига.

Младите битолчани уште од стартот наметнаа висок ритам и брзо стекнаа предност од 5:1, со што јасно ставија до знаење дека бодовите ќе ги бараат само на своја страна. Гостите од Скопје накратко се вратија во игра и намалија на 7:4, но тоа беше сè од нив во првото полувреме. Домашниот тим фати серија, ја зголеми разликата и на пауза замина со убедливи 16:9.

Во продолжението, Пролет се обидуваше да парира и да ја намали негативата, но Еурофарм Пелистер 2 рутински ја контролираше играта и не дозволи резултатска неизвесност. Со дисциплинирана одбрана и ефикасен напад, битолчани ја одржуваа предноста до самиот крај и заслужено стигнаа до триумф од 32:25.


Најрасположен во редовите на победникот беше Мохамед Азис, кој реализираше десет погодоци, додека значаен придонес даде и Петар Марковски со седум гола. Кај Пролет 62 се истакна Давор Палевски со седум реализации, а Андреј Стојановски додаде шест.

Со оваа победа, Еурофарм Пелистер 2 ја задржа надежта за место меѓу најдобрите и позитивно ја заокружи есенската полусезона, додека Пролет продолжува со серијата резултатски проблеми.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Вардар немоќен пред Висла Плоцк: Трет пораз за „црвено-црните“ во Лигата на шампионите

Ракометарите на Вардар 1961 го претрпеа третиот пораз во Лигата на шампионите, откако на домашен терен во СЦ „Јане Сандански“ загубија од полската...

Кошарка

ТФТ го скрши отпорот на Скопје за прва победа во сезоната, Цветковски и Сила блескаа!

ТФТ ја запиша првата победа во новата сезона од МТЕЛ Суперлигата, откако во „Т Арената“ го совлада Скопје со 102:98 во натпревар со...

Поврзани написи
Ракомет

Вардар немоќен пред Висла Плоцк: Трет пораз за „црвено-црните“ во Лигата на шампионите

Ракометарите на Вардар 1961 го претрпеа третиот пораз во Лигата на шампионите,...

Ракомет

Зечевиќ пред дербито со Алкалоид: „Верувам во својата екипа, ќе ја израдуваме охридската публика“

По убедливиот пораз на гостувањето кај Вардар во минатото коло, ракометарите на...

Ракомет

Пелистер до првиот европски бод, Кузмановски со капитенска партија за паметење!

Еурофарм Пелистер стигна до првиот бод во новата сезона во Европската лига,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!