ФудбалФутсал

НЕВЕРОЈАТНА ПОБЕДА: Мал Ајакс среде Куманово го „тресна на земја“ шампионот Форца!

Сподели
Сподели

Неверојатен херојски триумф запиша Мал Ајакс – победа која беше далеку од очекувана, откако штипскиот тим вечерва среде Куманово го „тресна на земја“ бранителот на двојната круна, тимот на Форца со резултат од 5:6 во рамки на последното есенско коло.

Форца беше повеќе од апсолутен фаворит – но вечерва во составот ги немаше странците, а овој пораз само ги става на уште потешка мисијата за одбрана на шампионската титула.

Дека Форца се соочуваше со својот втор сезонски пораз потврди првото полувреме кога имаше негатива од 3:4, а на голот на Мал Ајакс беше одличниот Филип Гигов.

Дури три гола предност имаше Форца во првите десет минути од мечот откако Иван Крстевски го отвори резултатот во 4. минута, а потоа капитенот Таулант Исмаили погоди за 2:0, а потоа и Зоран Левески.

Но, до крајот на првиот дел се случи неверојатен пресврт, во три минути мрежата на Форца се затресе четири пати, Давид Тошев намали на 3:1, веднаш Ангел Белчовски постигна гол за 3:2, а до крајот на првиот дел Иса Дурмишов со два брзи гола направи комплетен пресврт на 3:4.


Во вториот дел Форца преку Зоран Левески во 36. минута намали на 4:4 што понуди неверојатен финиш. Давид Тошев со гол во 37. минута погоди по вторпат за 4:5 и нова предност на Мал Ајакс, а пак Зоран Левески со трет негов гол намали на 5:5. Во последните секунди Тошев со трет гол ги постави конечни 5:6 за голем шок на Форца, за голема победа на Мал Ајакс за три огромни бодови на штипскиот тим.


Овој пораз за Форца значи не само чекор, можеби и два, па и три чекори назад во трката да ја одбрани титулата, пред шампионот на Македонија ќе биде турболентен зимски одмор каде ќе треба да се размислува што да се менува, како да се менува за да се продолжи тешката пролетна битка за одбрана на двојната круна.

Мал Ајакс стигна до своето второ сезонско славје и направи неверојатно изненадување вечерва во мак-футсалот, шампионот по вторпат е на голема, а тимот од Штип впиша три бодови за вкупно шест и осмото место на табелата, а Форца останува втора со 21 бод.


Сподели

Не пропуштајте

КупФудбал

КУП: Истатов домаќин на Тиверија Брера, Каменица Саса ќе има лесна задача, Пелистер и Љуботен домаќини

Денес беа извлечени двојките за четвртфиналето од Купот на Македонија во женска конкуренција. Во оваа фаза од Купот пласман обезбедија само прволигашите. Истатов...

Втора женска фудбалска лигаФудбал

Билјанини Извори го доби Топ Гол, Јоана Никова херој: Охриѓанки со одличен старт во новата сезона

Денес се комплетираше второто коло на Втората женска фудбалска лига откако Билјанини Извори со 2:1 славеше над ланскиот прволигаш Топ Гол од Битола...

Поврзани написи
КупФудбал

КУП: Истатов домаќин на Тиверија Брера, Каменица Саса ќе има лесна задача, Пелистер и Љуботен домаќини

Денес беа извлечени двојките за четвртфиналето од Купот на Македонија во женска...

Втора женска фудбалска лигаФудбал

Билјанини Извори го доби Топ Гол, Јоана Никова херој: Охриѓанки со одличен старт во новата сезона

Денес се комплетираше второто коло на Втората женска фудбалска лига откако Билјанини...

Трета лигаФудбал

Победа Валандово брка 5/5, фаворитите се под притисок: Петтото коло може да ја „раздрма“ Третата лига регион 3!

Во недела ќе се одиграат натпреварите од петтото коло во Третата македонска...

ФудбалЧетврта лига

Новата сезона во ОФЛ Струмица стартува во недела, ќе се натпреваруваат 14 екипи

Со 14 екипи во недела ќе започне новата сезона 2026/27 во Општинската...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!