Останато

(ФОТО) Радовиш им оддаде почит на златните борачи: Откриена спомен-биста по повод 30 години од европската титула

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането преземање без претходната писмена согласност!
Сподели

По повод одбележувањето 30 години од европската клупска титула, денеска во Радовиш свечено беше откриена спомен-биста посветена на борачите, симбол на златната ера на радовишкото борење.

Бистата е донација од „Адора Инженеринг“ и проф. д-р Ванчо Чифлиганец, а настанот уште еднаш ја потврди титулата на Радовиш како град на борењето.

Борачкиот клуб од Радовиш испиша историја со освојувањето на Европската клупска титула во 1995 година, а една година подоцна и Светската интерконтинентална титула во 1996 година, со што македонското борење го постави на светската мапа.

ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането преземање без претходната писмена согласност!
  • Златната генерација на борачи

На спомен-бистата и во историјата на македонскиот спорт засекогаш ќе останат запишани имињата на борачите:
Тони Танев, Тони Анчев, Никола Калајџиев, Влатко Соколов, Васо Спасов, Данчо Вучков, Трајче Димков, Валери Верхушин, Трајан Ангелов, Мохамед Ибрахимов, Шабан Трстен, Гари Модосјан, Аслан Хагуров, Љубиша Пешко, Јури Голубовски, Магомед Агаев, Севин Миленов, Пламен Пенев, Едвард Куртанидзе, Генадиј Жилцов, Златко Димов, Андреј Ликов, Сашо Лазаров, Роберт Танев, Горан Костадинов, Чедо Николовски, Владе Јованов Филков и Владо Лазаров.

  • Луѓето зад успехот – тренери
ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането преземање без претходната писмена согласност!

Големиот успех немаше да биде можен без стручниот штаб, составен од тренерите:
Димчо Ангелов, Добре Ангелов, Блажо Ристов, Добрин Трајков, Владимир Местевришвили и Славчо Илиев.

  • Судии и делегати

Значаен придонес во организацијата и меѓународната афирмација имаа и судиите и делегатите:
Цено Ценов (Бугарија), Бранислав Симиќ (Југославија), Дарко Нишовик (Југославија), Тодор Гудев (Бугарија), Плашкар Калмар (Унгарија), Александар Попов (Русија), Иван Круј (Унгарија), Џампјеро Галијани (Италија), Иштван Ковач (Унгарија), Раде Ачиќ (Југославија), Томаш Елек (Унгарија), Теодорис Проворалакис (Грција), Десмунд Етијен (Швајцарија), Кирил Тунџев (Македонија), Илија Трајанов (Македонија) и Љупчо Јанев (Македонија), како и претседателот на СЕЛА Цено Ценов.

ФОТО: Спортска Мрежа Проф. д-р Ванчо Чифлиганец | Забрането преземање без претходната писмена согласност!
  • Претседатели кои оставиле белег

Низ годините клубот бил воден од низа истакнати спортски работници и претседатели:
Никола Ѓоргичков, Ацо Долдуров, Коста Ржев, Коста Бојаџиев, Ристо Ристов, Ѓорги Андреев, Тимчо Дамбов, Никола Атанасов, проф. д-р Ванчо Чифлиганец, Влатко Гаврилов, Кирчо Сусинов, Коста Поцков, Слободан Стојанов, Данчо Вучков, Димитраќе Ѓорѓиев, Димитар Атанасов, Герасим Конзулов, Николајчо Николов, Игор Чапов, Ацо Поцков и Владо Лазаров.


Посебно место во историјата има и г-дин Милан Ерцеган, претседател на FILA, кој имаше голема улога во развојот и меѓународната афирмација на борењето.

ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането преземање без претходната писмена согласност!

Свеченоста во Радовиш беше вистински потсетник на златните години на македонскиот спорт, но и силна порака дека борењето во Радовиш не е само спорт – туку традиција, гордост и идентитет.


Спортска Мрежа ексклузивно ќе ви го пренесе емотивниот говор на проф. д-р Ванчо Чифлиганец, како и самата атмосферата од овој важен и голем настан за борењето и за Радовиш како град на борењето.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Тодоров: Нема да биде лесно, но посакуваме победа на денешниот натпревар

Три победи во низа донесоа дополнителен оптимизам во редовите на Шкендија Арачиново, која денеска ќе се обиде да ја продолжи позитивната серија против...

Прва лигаФудбал

ФК Скопје: Ние сме подготвени и размислуваме само за победа

Скопје освои само три бода во првите шест кола од Првата фудбалска лига, по три ремија со своите ривали. „Лавовите“ имаа и исклучително...

Поврзани написи
Останато

СРЕБРО ЗА ДУШИЦА БРЕСАЛИЕВА НА MULTI EUROPEAN GAMES G1 2026

Македонската таеквондистка Душица Бресалиева освои сребрен медал на Multi European Games G1...

Останато

Алексеј Стојановски триумфираше на турнирот „Тумба“ во Куманово

Изминативе денови на терените на ТК „Тумба“ во Куманово се одржа турнир...

Останато

Калин Митевски двоен победник на МТП Опен 2026

Македонскиот тенисер Калин Митевски е двоен победник на МТП Опен 2026, турнир...

Останато

Дарија Крстевска ќе ја претставува Македонија на Светското првенство во атлетика во Копенхаген

Младата македонска атлетичарка Дарија Крстевска за прв пат ќе ја претставува Македонија...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!