Ракомет

Финансиска инјекција од 7 милиони денари за шампионот Еурофарм Пелистер

Сподели
ФОТО: РК Еурофарм Пелистер
Сподели

Ракометниот шампион на Македонија, Еурофарм Пелистер, ќе добие дополнителна финансиска поддршка во износ од седум милиони денари, средства кои треба да донесат нова стабилност и свежина во клубот пред продолжението на сезоната.

Одлуката е донесена по предлог на советничката група на владејачката партија, во координација со градоначалникот на Општина Битола.

Општината, која поседува 25 проценти од акциите во клубот, заедно со мнозинскиот акционер – компанијата Еурофарм, уште еднаш испраќа јасна порака дека стои зад најголемиот спортски бренд во градот.

„Битола стои зад шампионот. Дополнителни 7.000.000,00 денари поддршка за РК Еурофарм Пелистер! Во комуникација со градоначалникот на Општина Битола, како советничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, предложивме дополнителни 7.000.000,00 денари за нашиот ракометен клуб и гордост на Битола РК Еурофарм Пелистер. Предвидените дополнителни средства од предложените 3.000.000,00 денари се награда за освојување на шампионската титула во македонската ракометна лига. Целта е јасна: Поконкурентен РК Еурофарм Пелистер, задржување на шампионската титула во Битола, радост за навивачите и спортска гордост за градот, Пелистер е симбол на Битола“, се вели во објавата на социјалните мрежи на претседателот на Советот на општина Битола, Бојан Бојкоски.

Еурофарм Пелистер во изминатите три сезони доминираше на домашната сцена, освојувајќи шампионски титули и редовно настапувајќи во Лигата на шампионите, со што ја претставуваше Македонија на највисоко европско ниво.


Во продолжението од сезоната „зелено-белите“ ќе стартуваат од второто место на табелата во Суперлигата, со четири бодови негатива зад лидерот Вардар. Клубот влегува во чувствителен период, бидејќи пред раководството стои задачата да пронајде нов тренер и дополнително да го засили ростерот за пролетниот дел, каде што целта останува јасна – борба за нова шампионска титула.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Петровски: Мојата прва цел е да создадеме позитивна атмосфера и тим во кој секоја кошаркарка ќе знае дека има своја улога и одговорност

Виктор Петровски е новиот селектор на женската сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија, откако ја доби довербата од раководството на Кошаркарската федерација. Новиот предводник...

Останато

Марко Алексовски вицешампион на јуниорскиот турнир во Атина

Младиот македонски тенисер Марко Алексовски (15 години) оствари одличен резултат на јуниорскиот турнир во Атина за тенисери до 18 години. Алексовски успеа да...

Поврзани написи
Ракомет

Астибо до голема победа над Струга на крилата на Анастасија Богоевска, Ева Манева и Ана Марија Накова

Астибо предводен од Габриела Величковска стигна до својата трета сезонска победа откако...

Ракомет

(ВИДЕО) Седум од седум! Пионерите на Младост го освоија Скопје, падна и Алкалоид – богданчани незапирливи!

Пионерите на Младост од Богданци продолжуваат со импресивните настапи во новата сезона....

Ракомет

Ракометен празник во Богданци: Легендарната „Млаз“ ќе ги пречека младите ракометни надежи на турнирот У13 – Исток!

Богданци повторно ќе биде во центарот на ракометните случувања, овојпат со најмладите...

Ракомет

Општина Конче испишува нова спортска приказна: Младите ракометари на РК Феникс ја бодреа Македонија од трибините!

Руралната општина Конче продолжува со поддршката и развојот на спортот, а благодарение...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!