Ракомет

Бутел се бореше, но бодовите заминаа кај Алкалоид!

Сподели
ФОТО: РК Алкалоид
Сподели

Ракометарите на Алкалоид славеа против Бутел Скопје со 33-28, во последниот суперлигашки натпревар за двете екипи во 2025 година.

Гостите поведоа рано со 4-0, предводени од одличниот Никола Костески од линијата од седум метри. Бутел го постигна својот прв гол преку Спасовски во шестата минута, но тимот на Лазаров брзо ја зголеми предноста и на полувреме водеше со 18-12.

Во вториот дел Бутел заигра подобро, особено во одбраната, а со Трајкоски на голот успеа да го намали резултатот на 25-22. Сепак, Алкалоид го контролираше финишот од мечот и ја однесе победата, 33-28.

Најистакнати стрелци за домашниот тим беа Димитар Узунчев со седум и Тодор Узунчев со пет гола, а Трајкоски забележа девет одбрани. Во редовите на Алкалоид, се истакнаа Костески со осум и Мартин Серафимов со седум гола, додека голманите Галевски и Кизиќ собраа единаесет интервенции.

Со овој триумф, момците на Лазаров, моментално, ја одржуваат третата позиција со 29 бодови, додека Бутел останува петти со 18 бодови. Сепак, Бутел има големи шанси да се најде во ТОП 6 и да игра за титулата во пролетниот дел од сезоната.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Кошарка

Драма до последната секунда во Скопје: ТФТ се врати од минус девет и го совлада Куманово, Работнички останува непоразен!

Кошаркарите на ТФТ забележаа драматична победа над МКК Куманово со 89:87 во натпревар од шестото коло на МТЕЛ Суперлигата, одигран во „Т Арената“...

Турнири

Демир Хисар подготвува фудбалски спектакл – 180.000 денари награден фонд на новогодишниот турнир!

Во Демир Хисар на 25 ноември ќе започне новогодишниот турнир во мал фудбал, кој ќе се игра во спортската сала „Јордан Пиперката“. Организаторите...

Поврзани написи
Ракомет

Астибо до голема победа над Струга на крилата на Анастасија Богоевска, Ева Манева и Ана Марија Накова

Астибо предводен од Габриела Величковска стигна до својата трета сезонска победа откако...

Ракомет

(ВИДЕО) Седум од седум! Пионерите на Младост го освоија Скопје, падна и Алкалоид – богданчани незапирливи!

Пионерите на Младост од Богданци продолжуваат со импресивните настапи во новата сезона....

Ракомет

Ракометен празник во Богданци: Легендарната „Млаз“ ќе ги пречека младите ракометни надежи на турнирот У13 – Исток!

Богданци повторно ќе биде во центарот на ракометните случувања, овојпат со најмладите...

Ракомет

Општина Конче испишува нова спортска приказна: Младите ракометари на РК Феникс ја бодреа Македонија од трибините!

Руралната општина Конче продолжува со поддршката и развојот на спортот, а благодарение...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!