Ракомет

„Со победа да ја завршиме најуспешната полусезона”– Бојаниќ пред дуелот со Радовиш

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Ракометарите на ГРК Охрид во четврток ги очекува гостување кај екипата на Радовиш, во рамки на 18. коло од Супер лигата. Охриѓани влегуваат во овој дуел со јасна цел – со победа да ја заокружат најуспешната полусезона досега.

Иако противникот е без освоена победа во досегашниот дел од првенството, во таборот на Охрид владее сериозен пристап и максимална концентрација.

Тимот е свесен дека секој натпревар носи свои предизвици, а бодовите се од исклучително значење за задржување на позитивниот ритам.

Натпреварот го најави ракометарот на ГРК Охрид, Владимир Бојаниќ, кој потенцира дека екипата нема намера да потцени никого и дека целта е јасна – победнички крај на полусезоната.

„Иако Радовиш е екипа без победа досега, ние влегуваме максимално во натпреварот и се надеваме дека со победа ќе ја завршиме најуспешната полусезона досега.“- изјави Бојаниќ.

Натпреварот помеѓу РК Радовиш и ГРК Охрид ќе се одигра во четврток, на 18 декември, во СРЦ „25 Мај“, со почеток од 15:00 часот, а охриѓани ќе се обидат со уште една сигурна партија да ја потврдат добрата форма пред паузата.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Ракомет

Еурофарм Пелистер убедлив против Куманово за петта победа во Суперлигата

Еурофарм Пелистер ја продолжи победничката серија во домашниот шампионат, откако во Битола го надигра Куманово со 36-23 во првиот натпревар од шестото коло...

Прва лигаФудбал

Мустафа: Свесни сме дека не очекува тежок натпревар против Силекс, но екипата е мотивирана и подготвена за овој предизвик

По речиси три недели пауза поради натпреварите на нашата фудбалска репрезентација, екипата на Арсими денес се враќа на домашен терен, каде што ќе...

Поврзани написи
Ракомет

Еурофарм Пелистер убедлив против Куманово за петта победа во Суперлигата

Еурофарм Пелистер ја продолжи победничката серија во домашниот шампионат, откако во Битола...

Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти...

Ракомет

Вардар немоќен пред Висла Плоцк: Трет пораз за „црвено-црните“ во Лигата на шампионите

Ракометарите на Вардар 1961 го претрпеа третиот пораз во Лигата на шампионите,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!