Ракомет

Вардар ја затвори годината со триумф над Прилеп!

Сподели
ФОТО: РК Вардар
Сподели

Вардар ја потврди лидерската позиција и со најмалку четири бода предност заминува на зимска пауза, откако во последното коло за 2025 година, славеше кај Прилеп со 31-25 (16-11).

Домаќините започнаа силно и поведоа со 3-0 во првите пет минути, предводени од расположениот Илчо Ивчески, кој успеа да одбрани неколку шутеви. Но, под притисокот на прецизните удари од бековите на Вардар, Прилеп не успеа долго да ја задржи предноста.

До десеттата минута „црвено-црните“ веќе водеа со 7-4, а на 20-та минута домаќините намалија на 7-9, што принуди тајмаут од страна на Иван Чупиќ. Следеше нова серија на Вардар со која разликата се зголеми на плус пет (13-8) и таквата предност остана до полувреме.

Петте гола предност се покажа клучна, бидејќи прилепчани немаа сили за сериозен пресврт, можеше само да намалат разлика со поединечни голови. Александар Тренчески од домаќините имаше совршена серија од 9/9, сите од линијата од 6 метри, додека од страната на Вардар „двоцифрен“ беше Дмитро Горига, кој промаши само во 59-та минута.

Првенството продолжува во февруари, кога Вардар ќе биде домаќин на Куманово, а Прилеп гостува кај Охрид. До крајот на регуларниот дел остануваат уште четири кола, по што најдобрите шест екипи ќе разигруваат за титулата, со пренос на освоените бодови од регуларниот дел.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Тиквеш убедлив против Брегалница, Силекс продолжува да се мачи: Арсими се избори за бод во Гостивар

Деветтото коло во Првата македонска фудбалска лига донесе сигурен триумф за Тиквеш во дуелот со Брегалница, додека Силекс повторно остана без победа, откако...

Ракомет

Еурофарм Пелистер убедлив против Куманово за петта победа во Суперлигата

Еурофарм Пелистер ја продолжи победничката серија во домашниот шампионат, откако во Битола го надигра Куманово со 36-23 во првиот натпревар од шестото коло...

Поврзани написи
Ракомет

Еурофарм Пелистер убедлив против Куманово за петта победа во Суперлигата

Еурофарм Пелистер ја продолжи победничката серија во домашниот шампионат, откако во Битола...

Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти...

Ракомет

Вардар немоќен пред Висла Плоцк: Трет пораз за „црвено-црните“ во Лигата на шампионите

Ракометарите на Вардар 1961 го претрпеа третиот пораз во Лигата на шампионите,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!