Турнири

Реми со десет гола на „Стојаково 2025“, победа за Пролетер, убедливи победи кај јуниорите

Сподели
Сподели

Вечерва се одиграат четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ каде одново публиката следеше вистински голеади на сите натпревари.

Вечерва стандардно се отвори со натпреварите кај јуниорите, во генерација 2012/2013 тимот на У10 од Гевгелија „пукна петарда“ и со 5:1 го декласираше тимот на Џоко Чона.

Во вториот меч одново сигурна победа откако Мини Дриблерс со 3:1 славеше над МК Гевгелија во генерација 2016/2017.

Кај сениорите беше „пеколно“, многу погодоци, пресврти и вистинска драма. Првиот меч беше навистина „луд“ понуди десет погодоци, а на крајот немаше победник откако Илинден 2007 и Кафе Бар Проект одиграа 5:5.

Во вториот меч беше далеку понеизвесно само три погодоци го решија победникот откако Пролетер со 2:1 го доби Тобако Лени.

Утре програмата нуди три натпревари, два кај јуниорите и еден кај сениорите. Вечерва се отвара во 18 часот со мечот во генерација 2010/2011 меѓу Бригада 12 и Фавела Бојс, а пак во 18:30 часот Кико Кидс ќе се соочи со Дроне Транспорт.


Од 19 часот ќе започне единствениот меч кај сениорите каде ќе се судрат Млаз Инженеринг транспорт против Дизел Кале Тобако Марија.

Во вторник одново програмата ќе понуди четири натпревари. Во 18 часот јуниори генерација 2012/2013 Кирил и Методиј против Уни Глобал, од 18:30 часот Mild Home Store против Vibe Bar, а пак од 19 часот започнуваат натпреварите кај сениорите.

Радовишани одново ќе одиграат два натпревари нивниот тим Порта ЕУ – Фреит Оне ќе игра со Тобако Лени од 19 часот, а 45 минути подоцна одат на мегдан со домаќинот Пролетер од Стојаково.

Спортска Мрежа по првпат е медиумски покровител на овој спортски настан.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска лига, а колото ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20 го доби Астибо во меч од 18. коло на ракометната Супер...

Поврзани написи
Турнири

ЦСКА Софија ја засилува елитата: Интернационал Мастерс Куп добива уште еден фудбалски гигант

Југоисточна Македонија во мај ќе биде во знакот на младинскиот фудбал, а...

Турнири

ФОТО: Атлетико 2021 победник на традиционалниот турнир „Св. Атанасиј Велики“ во Оризари

Во организација на фудбалската школа Академија Младост Тошев, во спортската сала во...

Турнири

Во сабота 9. издание на турнирот во мал фудбал „св. Атанасиј Велики“ во Оризари

Во сабота ќе се одржи деветтото издание на турнирот во сала „св....

Турнири

ВИДЕО: Финалето меѓу Дим Метал и Пицерија Дивино од „Стојаково 2025“

Екипата на Дим Метал го подигна шампионскиот пехар на турнирот во мал...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!