Арсими е една од најубавите фудбалски приказни во македонскиот клупски фудбал во последните неколку сезони. Клубот кој чекор по чекор напредуваше од Трета лига – Запад, преку Втората лига, денес со право е дел од фудбалската елита и ја живее својата прволигашка приказна.
Еден од луѓето кои стојат зад овој континуиран напредок е и Лабинот Муслиу, член на стручниот штаб на Арсими, тренер со јасна визија, модерни идеи и препознатлив фудбалски стил.
Во ексклузивно интервју за Спортска Мрежа, Муслиу зборува за својот пат во фудбалот, филозофијата на игра, работата во Арсими, предизвиците на тренерската професија и идните амбиции.
- Фудбалскиот пат и филозофијата
Младиот стратег е посветен на едукација, тој е учесник на голем број фудбалски домашни и меѓународни фудбалски кампови, како и на панел дискусии, а притоа посетува семинари и обуки вели дека секој тренер мора да има свој стил, идеја и филозофија како ќе игра неговата екипа.
„Лабинот Муслиу е лиценциран фудбалски тренер со УЕФА А Лиценца од 2021 година. По релативно рано завршување на фудбалска кариера на 27 години веднаш почнувам со лиценцирање. Полагав УЕФА Б Лиценца во 2012 година. Веднаш после тоа почнав да работам како Тренер во фудбалската академија во ФК Гостивар од 2012 до 2023, а во меѓувреме бев и асистент во ФК Вардар Форино во 2 МФЛ од 01.2018 до 05.2018.
Од 05. јули 2023 година тренер во стручниот штаб на ФК Арсими. Голем број на успеси со сите генерации во младинскиот фудбал, голем број на учества и успеси на меѓународни, регионални и национални фудбалски турнири за младински фудбал. Учесник, ментор и координатор на фудбалски кампови, меѓу кои на Реал Мадрид Камп во Македонија во 2018. Колумнист во електронски медиуми за анализа на фудбалски турнири светски и европски првенства, развој на фудбалот во Македонија и други, учесник во панел дискусии во државни и приватни телевизии за фудбалски анализи, учесник во многу онлајн и физички обуки, семинари, и работилници за фудбалски развој и знаење и друго.
Роден во Гостивар 25. септември 1984 година, оженет и татко на две ќерки. Дипломиран правник во ЈИЕУ во Тетово 2009.
Моето мото за фудбалот е:
“Секој тренер мора да има свој стил, идеја, и филозофија како ќе игра неговата екипа, стил и стратегија врз основа на која ќе се идентификува твојата екипа и сите тимови каде ќе работиш, јасна визија околу тоа како ќе тренираш и играш“, раскажува Мислиу во интервјуто за Спортска Мрежа.
- Арсими – проект кој расте
Арсими за неколку сезони од шампион на Трета лига – Запад стигна до учество во Прва лига, а како дебитант во фудбалската елита на Македонија бележи големи успеси, Муслиу раскажува за овој голем успех, за работата на стручниот штаб, за успесите, посветеноста, но и како изгледа работата на еден тренер во ФК Арсими.
„Да вистина токму така е. Клубот за 4 години колку што се натпреварува во Втора и сега во Прва Лига бележи голем раст во секоја смисла. Секако за ова заслужни се сите луѓе што работат во и за клубот, управата, директорите, претседателот, економите, администрацијата секако и луѓето од дијаспората кој што го финансираат клубот и апсолутно дека за фудбалскиот дел најзаслужни се фудбалерите и стручниот штаб.
Јас сум во клубот од 2023 значи втората сезона на ФК Арсими во 2 МФЛ, и од тој прв ден па се до денеска мојата идеја, филозофија, визија, и фудбалска логика и фудбалско мото спомнато погоре се спроведува целосно претходно во втора лига а сега и во прва лига и тоа со одлични партии со допадлив напаѓачки фудбал со доста структурирани идеи и што е најважно со одлични резултати како и во претходните две сезони кога бевме 4 односно 1 во МФЛ и сега на полусезона во 1 МФЛ кога сме на фантастичното 5 место.

Тренерската работа воопшто не е лесна работа. Бара доста труд, напор, влог, стручност, анализа, конзистентност, умешност, нерви и време. Нашиот план се базира на 6 месечен натпреварувачки микроциклус и неделни точни микроциклуси со јасни дефинирани цели и задачи за секој играч посебно и за тимот во целина различно секоја недела, секоја полусезона и сезона во зависност од многу фактори и околности. Мојот удел и придонес тука е утврдувањето на сите потреби околу тренинзите и натпреварите, анализа и стратегија околу развојот на тимот и индивидуи.
- Трансфер пазар – барање на соодведно засилување
Склопувањето на тимот, пронаоѓање на потребниот играч за спроведување на мојата фудбалска филозофија и стратегија е комплексна работа, затоа што тука треба навистина голема вештина и проценка на потребниот кадар/играч за мојот стил и визија на фудбалската игра. Најголемо внимание во делот на аналитиката обрнувам на мојот тим и играчи и нивните перформанси во текот на натпреварите и тренинзите, во делот на техничко- тактичките и психичките перформанси. Во делот на анализа исто така многу важен фактор е противничката екипа нивните слаби страни и добри страни, индивидуалните квалитети како и техничко тактичките аспекти во нивната игра, пронаоѓање на против систем и стил/ стратегија и секако изнаоѓање на адекватните 11- мина за најдобро извршување на моите тренерски замисли во секоја позиција индивидуално во сите 3 зони и како тим во целина. Секако дека ова е навистина една од најтешките и најкомплицираните процеси во тренерскиот мозок.

Да навистина играме атрактивен офанзивен фудбал со многу разработени акции и шаблони кој што не идентификува нас како екипа веќе скоро 3 години откако сум јас дел од стручниот штаб во тимот, и кој што е навистина новитет и реткост во македонскиот клупски фудбал. Јас секогаш сум кажал дека ние помладите тренери треба да бидеме храбри и да воведеме еден сосема нов модерен начин на работење и размислување и воспоставување на нови стандарди во фудбалската игра и тоа со офанзивен атрактивен фудбал убав за гледачите без притоа да се плашиме од фудбалски реперкусии. Тоа е како резултат на нашата визија, филозофија, стил и стратегија која што не краси врз основа на прецизен тренажен процес и конзистентност.
Па тоа се разликува и е во зависност од противникот, моментот, околностите и другите фактори како пред почетокот така и на полувреме, но воглавно ние инсистираме секогаш да останеме достојни на нашата визија, стил, и стратегија од фудбалскиот аспект, а во делот на мотивација тука голем акцент ставаме на важноста и вредноста на секој и секако дека секогаш најбитни се играчите, нивните семејства, грбот на клубот и секако нашата историја и иднина кон која целиме да биде на повисоко ниво. Секогаш бараме да не мислат на притисокот од резултатот туку да уживаат и секогаш одговорноста ние ја земеме, а само бараме напорно да работат во текот на 90 мин во склоп на нашите анализи и стратегии.

Па кога играте офанзивен фудбал како што ние играме веќе долго време тоа е сосема нормално затоа што ние секогаш играме на гол повеќе, и тука апсолутно нема златна средина и како што знаете 90% од нашите натпревари се доста активни, динамични и со доста голем интензитет. Верувајте дека е навистина прекрасно чувството да се биде дел од такви натпревари со инфаркт импакт затоа што баш тука се крие убавината на фудбалската игра“, раскажува Лабинот Мислиу во интервјуто за Спортска Мрежа.
- Амбиции, предизвици и иднина
За Спортска Мрежа младиот стратег зборуваше и за неговите амбиции и предизвици кои ги имал и ги има поставено за во иднина, зборува и за тежината на оваа професија.
„Тренер или професија без јасни цели не може да стреми на развој и успех. Секако моите планови и тоа во блиска иднина се да добијам и да се фатам за некој уште поголем предизвик во фудбалските води како шеф на стручен штаб во нашите лиги или во странство некаде, или можеби и во репрезентативниот фудбал во Македонија. Секако овие мои планови, цели, и идеи треба да се синхронизираат и со плановите кој што Господ ги спремил за мене, мојот живот и личен развој.
Верувајте дека е премногу тешко да се биде успешен во фудбалот затоа што патот до успехот е доста долг и доста тежок и исцрпен, и бара премногу време, конзистентност, работа, визија и креација. Поради реномето на 1 МФЛ и воопшто ремдиментот на мак фудбал во Европа и во светот и огромната конкуренција која што владее е премногу тешко да се пробие, но мојот начин на работа и размислување никогаш не се базирале на повлекување туку само на, работа, едукација и стручно унапредување.

За да се стигне до погоре напишаното односно пробивање во фудбалските мапи на Европа и светот, секако дека најбитен фактор е личното континуирано усовршување и едуцирање преку различни модерни методи затоа што фудбалот е веќе наука а не само спорт и доколку не се реформираш секој ден со нови фудбалски вештини се губиш во ова професија“, ни споделува младиот стратег во ексклузивното интервју за Спортска Мрежа.
Лабинот Муслиу е дел од стручниот штаб на новиот прволигаш Арсими, каде што работи заедно со Вилдан Салиу. Арсими има фантастична есенска полусезона како дебитант во Првата лига и ја заврши на високото петто место со 22 бодови, со учинок од шест победи, четири ремија и шест порази.

Клубот бележи неверојатен напредок – од шампион во Трета лига – Запад во сезоната 2021/2022, преку победа во баражот со Овче Поле за влез во Втората лига, до стабилен прволигаш со јасна визија и стил.
Младиот стратег Лабинот Муслиу бележи неверојатен развој на неговата кариера, а пред овој млад тренер следуваат и нови предизвици во насока на развојот на неговата кариера, сигурно е дека со ваква посветеност, труд, едукација, ќе остави голем белег не само во македонскиот фудбал, туку и во странство.