Ракомет

Шампионот Ѓорче Петров го доби дербито со Металург Автокоманда, осум гол за Емилија Ризоска!

Сподели
ФОТО: Принтскрин
Сподели

Ракометарките на Ѓорче Петров вечерва слават голема победа со која се враќаат на врвот од табелата во Суперлигата, откако со 31:27 го добија Металург Автокоманда во дербито на 12. коло.

„Лавиците“ влегуваат во одлична форма надминувајќи ја малата криза со што шампионот избива на челната позиција, но има ист број на бодови како и ривалот од Автокоманда – 21 бод.

Мечот беше сосема неизвесен со менување на водството, игра гол за гол и борба за секој топка. „Лавиците“ имаат предност од 10:8 кога Јанкуловска со два гола обезбеди 10:10, а потоа со одлична серија тимот од Автокоманда стигна до водство од 12:15, а на полувреме резултатот беше 15:15.

Во вториот дел Ѓорче Петров резултатска започна да се одлепува и не дозволуваше на противникот да се врати во игра, а на крај конечниот исход беше 31:27.

Емилија Ризоска беше најпрецизна кај „лавиците“ со осум гола, а ја следеше Армина Исиќ со шест реализации, кај Металург Автокоманда прво име беше Сузана Зечевиќ со седум гола, а по пет имаа Анамарија Коларовска и Марија Јанкуловска.


Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Шампионот Ѓорче Петров го доби дербито со Металург Автокоманда, осум гол за Емилија Ризоска!

Ракометарките на Ѓорче Петров вечерва слават голема победа со која се враќаат на врвот од табелата во Суперлигата, откако со 31:27 го добија...

Турнири

Баламов Компани пресилен, реми на Џокер Фурка и Десива Транспорт на „Стојаково 2025“

Вечерва турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ понуди неверојатни натпревари во сениорска конкуренција, убедлива победа и реми со два погодоци. Тимот на Баламов...

Поврзани написи
Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Тинекс Пролет – Бутел

Дерби меч ќе одиграат Тинекс Пролет и Бутел во рамки на 17....

Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Вардар – Радовиш

Вардар на домашен терен го пречекува „фенерџијата“ Радовиш во меч од 17....

Ракомет

Десет гола за Ѓорѓи Орешков – Вардар Неготино убедлив против Овче Поле

Тимот на Вардар Неготино со победа ја затвара 2025 година откако вечерва...

Ракомет

Алкалоид доминантен против Куманово за убедлив триумф пред домашната публика!

Алкалоид ја заокружи календарската година со уверлива претстава пред домашната публика, совладувајќи...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!