Детонит Плачковица со голот на Иван Галецки денес славеше против Скопје во последното коло од 15. рунда во Втората лига, со што официјално се затвори есенската полусезона. Галевси беше единствениот стрелец кој му донесе три бода на својот тим во натпревар во кој Скопје започна послабо, но во вториот дел настапи многу поагресивно и борбено.
И двете екипи имаа свои шанси, но Детонит Плачковица беше тој што на крајот ги прослави трите бода. Со оваа победа, тимот ќе презими како седми на табелата со 26 бода, додека Скопје оди на зимска пауза како петти со 29 бода на своето конто.
Пролетниот дел од Втората лига започнува на 21 февруари, кога ќе се играат натпреварите од 16. коло.
Како што е познато веќе, есенски шампион е тимот на Охрид со 36 бода. На второто место се наоѓа Шкендија Арачиново со 35 бода, Брегалница е трета со 33 бода, додека Беласица ја завршува полусезоната на четвртата позиција со 31 бод.