Ракомет

Трајкоски блескаше, но Бутел остана без триумф во Битола!

Сподели
ФОТО: РК Еурофарм Пелистер 2
Сподели

Во Битола се одигра крајно возбудлив дуел од 16. коло во Супер машката лига, каде што Еурофарм Пелистер 2 и Бутел Скопје ги поделија бодовите по драматични 24-24. Натпреварот постојано носеше пресврти, а конечниот исход беше решен дури во самиот финиш.

Иако Бутел Скопје, на четири минути пред крајот имаше предност од 24-21, гостите потоа не успеаја да го пронајдат патот до мрежата. Домашниот тим го искористи падот во нивната игра, погоди трипати последователно и избори реми.

Овој резултат внесе голем метеж на табелата: Бутел и Тиквеш сега го делат петтото место со по 16 бодови, Еурофарм Пелистер 2 се искачи на 15 бодови на седмата позиција, додека Прилеп со 14 и Пролет со 12 остануваат во трката за плеј-офот.

Дуелот започна подобро за гостите, кои поведоа со 2-0, но битолчани брзо се вратија во игра. Трајкоски имаше неколку извонредни интервенции и му помогна на Бутел повторно да се одвои, но предност од повеќе од два гола не успеаја да изградат. Сепак, во самиот финиш од првиот дел домашните направија мини-пресврт и заминаа на одмор со водство 11-10.

На стартот од вториот дел пелистерци стигнаа и до предност од два гола, но тимот на Горан Кузманоски одговори експресно – со три брзи реализации ја превртеа ситуацијата и повторно поведоа. Следеше период на израмнета игра, гол за гол, а ударите од седум метри беа клучни за одржување на резултатската рамнотежа, особено преку Азиз и Николов.

На 21-21 домашните имаа огромна можност за водство, но наместо тоа следуваа две казни: Ѓеоргиевски украде топка и реализираше контра, а веднаш потоа Трајкоски запре удар од крило, по што Узунчев зголеми на плус два. Во продолжение гостите стигнаа и до 24-21, што делуваше како пресудна разлика.

Но завршницата донесе целосен хаос. Шулески организираше акција за намалување, Митревски потоа стрелаше од далечина, а пелистерци со нов погодок на истиот играч две минути подоцна стигнаа до израмнување – 24-24. Бутел имаше последна шанса, но домашната одбрана остана стабилна и дуелот заврши без победник.

Кај гостите се истакнаа Тодор Узунчев со осум погодоци и голманот Благојче Трајкоски со единаесет интервенции. Во редовите на Еурофарм Пелистер 2 најпрецизен беше Мохамед Азиз со девет гола, а Петар Маркоски постигна шест.

Во следното коло Бутел го очекува градско дерби против Пролет, додека пелистерци гостуваат во Кавадарци кај Тиквеш.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Турнири

ФОТО: Радовишани вечерва пресилни на „Стојаково 2025“, многу погодоци кај јуниорите!

Вечерва се одиграа нови четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“, каде одново покрај многубројната публика имаше и голем број на...

Втора лигаФудбал

Шкендија Арачиново гради тим за Прва лига!

Второлигашот Шкендија од Арачиново има јасна цел и визија – влез во Првата македонска фудбалска лига. Тимот кој го води Љупчо Марковски –...

Поврзани написи
Ракомет

ФОТО: Радовиш беше борбен но не доволно за бодови – Струга носи цел „плен“

Во дербито од дното на две екипи кои жилаво се борат за...

Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Еурофарм Пелистер 2 – Бутел

Во Битола се среќаваат Еурофарм Пелистер 2 и Бутел во дерби за...

Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Радовиш – Струга

Дербито од дното на Суперлигата вечерва се игра во СРЦ „25 Мај“...

Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Вардар – Куманово

Со дербито од средишниот дел на табелата на женската ракометна Суперлига меѓу...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!