Останато

Одличен настап на БК Бучим Радовиш на меѓународниот турнир „Победник“ во Белград

Сподели
ФОТО: БК Бучим Радовиш
Сподели

Борачите на БК Бучим Радовиш, предводени од тренерот Влатко Анчев, имаа извонреден настап на меѓународниот турнир „Победник“, кој овој викенд се одржа во Белград, Србија.

Радовишани уште еднаш покажаа дека се меѓу најквалитетните во регионот, освојувајќи вкупно четири медали, од кои три златни и еден сребрен.

Златни медали освоија Илија Танчев, Мехмет Усинов и Димитар Атанасов, додека пак сребрен медал освои Младен Ефтимов.

Овој резултат претставува огромен успех за клубот и потврда за континуираната и квалитетна работа на тренерскиот тим и младите борци.

Турнирот „Победник“ е еден од најреномираните во регионот, со учество на силни екипи од повеќе држави, што уште повеќе го нагласува успехот на борачите од Радовиш.

БК Бучим Радовиш продолжува да гради имиџ на клуб кој постојано создава шампиони и носи медали на меѓународната сцена.

Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

ВИДЕО: Чкембари со полноќен огномет – вардарци разбудени пред големото дерби

Битола уште од раните утрински часови живее за денешното големо ракометно дерби меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар. Но, вистинската најава на дербито се...

Останато

Одличен настап на БК Бучим Радовиш на меѓународниот турнир „Победник“ во Белград

Борачите на БК Бучим Радовиш, предводени од тренерот Влатко Анчев, имаа извонреден настап на меѓународниот турнир „Победник“, кој овој викенд се одржа во...

Поврзани написи
Останато

Утре во Радовиш се игра европска одбојка: Штип УГД против моќниот Алијанц Милано

Утре во СРЦ „25 Мај“ во Радовиш ќе се игра одново европска...

Останато

ФОТО: Доминација на браќата Божидар и Владимир Димитриевиќ во четири тежински категории на „Србија Опен 2025“

Минатиов викенд, клубовите од Македонската Традиционална Теквондо Федерација – „Хва-Ранг ИТФ“ (Лескоец...

Останато

Борец со убедлива победа во Струмица – Македонија Џио падна со 0-3

Одбојкарите на Борец од Велес ја запишаа својата седма првенствена победа оваа...

Останато

Шампионот Струмица го доби дербито со лидерот Штип УГД во градот под Исарот

Актуелниот шампион Струмица со 2-3 во сетови славеше во дербито против лидерот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!