ИнтернационалциФудбал

Македонска судиска тројка ќе дели правда на дуелот од младинската лига помеѓу Нант – Макаби Хаифа

Сподели
ФОТО: Jagiellonia Białystok | Mariusz Piotrowski
Сподели

Утре, со почеток од 17:00 часот, на стадионот Stade de La Beaujoire – Louis Fonteneau во Нант ќе се одигра натпреварот меѓу младинските екипи У19 помеѓу Нант од Франција и Макаби Хаифа од Израел. Овој дуел привлекува внимание поради значењето што го носи, а дополнителен мотив за македонските љубители на фудбалот е фактот што главната судиска улога ќе ја има македонски претставник.

Македонскиот интернационален судија Игор Стојчевски е назначен за главен арбитар на овој европски меч од младинските категориии до 19години. Нему ќе му асистираат уште двајца македонски судии – Куштрим Лика како прв асистент и Кристијан Џонов како втор асистент. Комплетната македонска судиска тројка претставува сериозно признание за македонското судиско тело и неговиот напредок на меѓународната сцена.

Контролор на судењето ќе биде Французинот Фреди Фотрел, додека за официјален делегат на УЕФА е назначен Курт Цупингер од Швајцарија.

Овој ангажман е уште една потврда дека македонските судии добиваат сè поголема доверба во европските натпреварувања и достоинствено се претставуваат рамноправно со арбитри од најсилните фудбалски земји.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Брера оди по победа во Радовиш, Детонит Плачковица брани бодовна предност над Новаци

АП Брера Струмица гостува кај Детонит Плачковица со можност да се израмни по бодови со третопласираниот Работнички. Струмичани се четврти со 18 бода...

Трета лигаФудбал

Фатмир Бафто ќе го суди дербито меѓу Влазерими и Караорман, Владимир Ѓорѓиевски главен на средбата меѓу Крошу Спорт и Могила

Викендот се играат мечевите од 9. коло на Трета лига регион 5, а кое коло се отвара утре со мечот меѓу Напредок и...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Брера оди по победа во Радовиш, Детонит Плачковица брани бодовна предност над Новаци

АП Брера Струмица гостува кај Детонит Плачковица со можност да се израмни...

Прва лигаФудбал

Трите бодови останаа во Кавадарци: Тиквеш со минимален резултат го доби Скопје

Тиквеш го совлада Скопје со 1-0 во првиот натпревар од 13.коло во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!